Секондин: Дали сме навикнати на близок однос со Бог?
Да ја испитаме нашата внатрешна состојба и да дозволиме Бог да нè изненади, порача кармелиќанецот Секондин на духовните вежби за Папата и членовите на Римската Курија.
Врати се на своите чекори – е поттикот од размислувањата во вторник и среда од кармелиќанецот Бруно Секондин водителот на духовните вежни за Папата и членовите на Римската Курија во домот на Божествениот Учител во местото Аричи недалеку од Ри. Патер Секондин за размислувањето во вторникот се послужил со извештајот за пророкот Илија од од Трета Книга Царства, каде што се опишува неговиот пад во „смртна депресија“. Таквата состојба – истакна Секондин – не е толку ретка; често се пронаоѓа во животите на свештениците.
Затоа е потребно да се биде внимателен на одредени знаци кои можат да укажат на внатрешни потешкотии – пред сè на страв, особено од преземање на одговорност – смета кармелиќанецот. Тоа може да резултира со бегство – физичко или поинакво – во алкохол, во храна или виртуелен свет – предупреди и предложи: за да се избегне тоа важно е да се воспостави правилен однос помеѓу работата, одморот, молитвата и општествените односи.
Во утринското размислување во средата патер Секондин се концентрира на дијалогот помеѓу Бог и Илија. Проркот го излева своето жалење. Силен ветар, земјотрес и оган во кои не може да пронајде Бог би можело да биде – предложи кармелиќанецот – „проекција на внатрешната состојба.“ Овде можеме да се запрашаме за својот однос со Бог. Дали сме навикнати да бидеме со Него во бликоста, во обожавањето? Или други работи ни го свртуваат вниманието?
Илија сакал да умре на Хорив, местото каде што започнал Сојузот, но Бог таму го обновува. Ако и ние како Илија сме уморни и се држиме како подобри од сите други, да дозволиме Бог да нè изненади и да тргнеме од почеток. Врати се на своите чекори – поттикна водителот на духовните вежби и заврши: „Отиди на периферијата, оди во бараките, ручај со оние кои имаат малку за јадење. Ќе сфатиш каде Бог те чека.“
РВ/Д.И.