Свештеник и лекар заедно служејќи им на старите и болните
Секој прв петок во месецот скопскиот парох дон Давор Топиќ заедно со с. Наталија Стојанова – евхаристинка, се во посета на старите и болните од скопската катедрална парохија.
Од 4 декември 2015., заедно со свештеникот дон Топиќ беше и пензионираниот лекарот д-р Антун Лазаревски. На тој начин, грижата за душата која што дон Топиќ и с. Наталија им ја нудеа на верниците секој прв петок во месецот, сега е проширена и со грижа за телото. Д-р Лазаревски овој пат на верниците им го мереше крвниот притисок, глукозата во крвта и им даваше лекарски совети.
Нашите стари и болни од скопската парохија беа позитивно изненадени и бескрајно благодарни за неговата љубов и срдечност.
Оваа акција на парохискиот Каритас се покажа како многу успешна и се надеваме дека и во иднина ќе продолжи, рече дон Топиќ.
к.мк/Е. М.