Светскиот ден на млади во Краков ќе се одржи од 26-31 јули 2016 година
Организацискиот одбор на Светскиот ден на млади во Краков 2016 година објави дека официјалниот термин за таа средба е 26-31 јули 2016 година. Млади од целиот свет ќе се соберат во полскиот град Краков заеднички со папата Фрањо да го слават Господ.
Една седмица претходно, од 20-25 јули 2016 во цела Полска ќе се одржат „Денови на бискупиите“. Наведените датуми, по предлог на Папата, митрополитот на бискупијата Краков ги сметаше за најпогодни, а Светата Столица ги одобри.
„Денови во бискупиите“ се претпрограма на Светскиот ден на млади. Пред средбата во Краков младите католици ќе се запознаат и дружат со нивните врсници од Полска, во сите 43 бискупии, не вклучувајќи го Краков.
После „Деновите во бискупиите“, 25 јули 2016 младите поклоници ќе се упатат кон Краков на централната прослава и главните настани од денот на младите.
Програма за средбата на млади од 26-31 јули
Понеделник, 25 јули 2016: Пристигнување на поклониците во Краков и сместување;
Вторник, 26 јули 2016: Фестивал на млади; отворање на XXXI Светски ден на млади;
Среда, 27 јули 2016: Катехези според јазични групи; Фестивал на млади;
Четврток, 28 јули: Катехези според јазични групи; Пречек на Светиот Отец; Фестивал на млади;
Петок, 29 јули 2016: Катехези според јазични групи; Фестивал на млади; Крстен пат;
Сабота, 30 јули 2016: Фестивал на млади; Бдение со Светиот Отец;
Недела 31 јули 2016: Завршна света Литургија (затворање на XXXI Светски ден на млади; најава на местото на одржување на следниот Светски ден на млади).
Лаудато/го*ко
1499