Старозаветен пророк, кој се борел против идолопоклонството. Неговото име на хебрејски значи „Јахве е мојот Бог“, а за оваа вистина пророкот Илија се залагаше цел живот. Неговиот спомен го одбележуваме н на 20 јули, односно 2 август.
Свети Илија, родум од градот Тесвит, па затоа често го нарекуваат Тесвитјанин. Живеел и делувал во 9 век п.н.е., за време на владеењето на безбожниот цар Ахав. Од економски и политички причини, Ахав се оженил со Феникијката Језавела, и таа со себе, покрај напредокот и материјалниот просперитет, ги донесе и своите варварски обичаи, паганските божества. Народот на Израел од луксуз и раскош ја заборави својата вера во единствениот Бог. Потоа, Јахве зборува со устата на неговиот пророк Илија, чиј глас изгледа како гром од ведро небо. Бескомпромисен, жесток, решителен. Строгиот подвижник во кожна облека не избегнуваше никаков предизвик, не бегаше од луѓето и кога се засолни во пустината, го стори тоа само за да ја обнови својата сила за да се бори против паганските обичаи. Во пустината, храна му донесуваше гавран.
Старозаветен пророк, кој се борел против идолопоклонството. Неговото име на хебрејски значи „Јахве е мојот Бог“, а за оваа вистина пророкот Илија се залагаше цел живот. Тој бил осамен во својата борба. Исто така, доживеал многу разочарувања, порази, така што понекогаш се бунтуваше и го креваше својот глас кон Бога, извикувајќи еднаш: „Доста веќе, Господи, прибери ја душата моја, бидејќи јас не сум подобар од татковците свои“. Меѓутоа, Бог постојано го зајакнува и го воздигнува во верата.
Во Сарепта Сидонска, Илија го храни една вдовица, на која со молитва го оживеал мртвиот син. По три години суша и глад, Илија се вратил кај Ахав и ги предизвикал на двобој 450 свештеници на Ваал. На планината Кармил пред Ахав и мноштво луѓе, тие подготвија две телиња на два олтара. Тогаш Илија рече: Повикајте го името на вашиот бог, јас, пак, ќе го повикам името на Господа, мојот Бог. Оној Бог, Кој ќе одговори преку оган, Он е Бог.” И свештениците на Ваал од утрината до пладне, велејќи: „Ваале, почуј нè!” Но немаше ни глас, ни одговор. И тие скокаа пред жртвеникот, што беа го направиле. Попладнето Илија почна да им се потсмева и велеше: „Викајте посилно, зашто тој е бог; можеби се замислил, или е зафатен со нешто, или е на пат, а можеби и спие, – така ќе се разбуди!”. И тие почнаа да викаат високо и според обичајот свој да се бодат со ножеви и копја, така што крв течеше од нив. Потоа Илија ископа окоп околу неговиот олтар, го наполни со вода и се молеше: Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев! Чуј ме, Господи, чуј ме денес во огнот! Нека познаат денес овие луѓе, дека си Ти единствен Бог во Израилот, и дека јас сум Твој слуга и дека извршив сè според Твоето слово. Сите луѓе паднаа на земја извикувајќи: „Јахве е Бог!“ После тоа, Илија се молеше за дожд, и врнеше силен дожд. Кога дојде време Илија да ја напушти Земјата, тој го зеде со себе ученикот Елисеј, дојдоа до реката Јордан, Илија ја удри наметката во водата, таа се раздели од двете страни и тие поминаа на суво. Продолжија и одеднаш се појавија коњи и кочии и Илија почна да се искачува со нив на небото.
За време на Преображението Господово на Тавор, во описот на тројцата евангелисти ги наоѓаме Мојсеј и Илија, како најважните личности од Стариот Завет. Во своето послание, свети Јаков го опишува Илија како пример за успешна молитва: „Голема сила има усрдната молитва на праведникот. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд: и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. И пак се помоли: и небото даде дожд, и земјата го даде својот плод.“(Јаков 5, 16б-18). Значајно место му припаѓа на пророкот Илија во христијанската традиција и во делата на Светите Отци. Особено го почитуваат Кармелитите. Во народното верување, Илија им заповеда на громовите, па затоа го нарекуваат и Илија Громовник и штити од бури, громови и оган.