Свети пророк Илија
На 2 август (20 јули) Црквата го слави споменот на еден од најфасцинантните, а можеби исто така и наjмистериозни личности во историјата: свети пророк Илија.
Мистеријата на Илија започнува со фактот дека тој, личност од Стариор Завет, сѐ уште е жив. Грабнат од земјата во огнена кола (4Цареви 2), му напишал писмо од рајот (или од местото каде се што наоѓа) за опомена на Јорам, јудејскиот цар (2 Летописи 21,12). Неговиот дух, кој комуницираше со неговиот ученик Елисеј (Сир 48, 12), потоа беше прикажуван низ вековите во различни личности, како свети Иван Крстител (Мт 11,14). Илија се појавува на Преображението до Нашиот Господ (Мт 17,3) и ќе се врати уште пред крајот на светот за да се соочи со Антихристот (Мал 4,5; Откр 11).
Затоа може да кажеме, следејќи ја традиционалната егзегеза на Црквата, дека пророчката мисија на Илија практички ја опфаќа целата човечка историја. Значајно е тоа што во Либан, каде што живеел Илија, го спомнуваат како „живиот Илија“.
Илија е особено запаметен по три причини: за неговата побожност кон Пресвета Богородица; како основател на кармелитанскиот ред; и за неговиот огнен дух.
Првиот кој ја негувал побожноста кон Пресвета Богородица
Во времето на царот Ахав, за да го казни израилскиот народ за неговото идолопоклонство, Илија „ги затвори небесите“ во име Божјо: „Жив Господ, Бог Израилев, пред Кого стојам! Во овие години нема да има ниту роса, ниту дожд, освен според мојот збор“ (3 Царства 17,1).
По три и пол години на страшна суша и глад, јудејците покажаа знаци на каење. Тогаш Илија побара од Бога повторно да врне дожд: „Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата, го стави лицето меѓу колениците свои и му рече на слугата свој: ‘Оди и погледни кон морето.’ Тој отиде, погледна и рече: ‘Ништо нема.’ Тој пак рече: ‘Направи го тоа седум пати.’ На седмиот пат слугата рече: ‘Ете од морето се крева мало облаче, колку човечка дланка.’ (…) Во тоа време небото потемне од облаци и виор, и почна да паѓа силен дожд“ (3 Царства 18, 42-45).
Коментаторите се совпаѓаат со тоа што велаат дека овој мал облак ја претставувало Пресвета Богородица , која би донела еден дожд на благодат (Исус Христос) во светот. Со други зборови, Илија бил првиот кој ја негувал побожноста кон Пресвета Богородица кој, токму од Планината Кармил, започнал маријанскиот култ и кој потоа ќе трае сѐ до крајот на времињата.
Основател на кармелитанскиот ред
Илија е запаметен како основател на Кармелитанскиот ред. Околу него и неговиот ученик Елисеј, на Планината Кармил, настана една заедница на испосници познати како „синови на пророците“. Записите содржат различни референци за овие испосници, познати во целиот Израил за нивната побожност и нивниот дух на каење.
Периодот после Христос, оваа традиција продолжила, конституирајќи се можеби како најрана монашка заедница. По патот на овие испосници и повикувајќи се на духовноста на Илија, во 12. век беше основана една религиозна заедница на Планината Кармил која, по падот на христијанското Царство во Ерусалим, мораше да се пресели во Европа. Така е создаден Кармелитанскиот ред од Западен обред.
Многу Папи во нивните були го признаа оваа татковство на Илија во Кармелитанскиот ред, и ги овластија кармелитаните да го чествуваат Илија како нивен основател. На оргиналниот грб на Редот, сѐ уште присутен во многу нивни куќи, стои со меч вооружената рака на Илија, со мото одозгора напишано „Zelo zelatus sum pro Domino Deo exertitum“ (Пламнав од ревност за Господа, Бог на војските) (3 Царства 19, 14).
Огнен дух
Но Илија е запаметен исто така и по една друга карактеристика: неговиот огнен дух.
Илија е спореден со огнот: „И стана како оган пророкот Илија и како пламен од факел гореа зборовите негови“ (Сир 48,1). Големиот егзегет о. Корнелио од Лапиде (исусовец), го нарекува „огнениот Илија“. Илија всушност направи три пати да падне оган од небото: два пати за да ги уништи баталјоните кои војуваа против царот Охозија (4 Цареви 1,10), и третиот пат за да ја консумира жртвата за време на познатиот предизвик против свештениците на Ваал (3 Царства 18, 38). Предизвикот заврши со обезглавување на 450 служители на Ваал и 400 „пророци од шумата“, свештеници на божицата Ашера од раката на Илија.
Илија бил семоќен во огнот – продолжува езегетот – огнен бил неговиот ум, огнен бил неговиот јазик, огнено било неговото срце, огнена била неговата рака со која го удри Израил. (…)
Ангелите и околината/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк