Свети Павле пример за христијанска понизност
Ватикан, 14.6.2013 /к.мк/ – Единствениот начин да се прими дарот на спасението е искреното признавање на своите слабости и својата грешност, избегнувајќи го секој облик на самооправдување – рече папата Фрањо во проповедта за време на светата Литургија во петок 14 јуни во капелата на домот Света Марта, на која присуствуваа свештеници и верници вработени во Конгрегацијата за клерици.
Свесен дека е глинен сад, а сепак чувар на големо богатство кое му е дадено беспплатно, таков е Христовиот следбеник пред Бог. Говорејќи за -Второто посланието на светиот апостол Павле до Коринтјаните (4,7-15) Папата рече дека изврсноста на силата е дело Божјо, таа е излеана врз грешните луѓе, во глинени садови, како што вели свети Павле. Токму од односот помеѓу милоста и силата на Исус Христос и нас бедните грешници се раѓа дијалог за спасение. Тој дијалог треба да го избегнува секое самооправдување, не смееме да се преправаме, туку да бидеме какви што сме – рече Папата.
Свети Павле често говореше за своите гревови, ги повторуваше како некој рефрен, зарем не? Ма, ви велам, јас кој бев гонител на Црквата, ја прогонував… Секогаш на памет му доаѓа тој грев. Се чувствува грешник. Но ни во тој момент не вели: бев грешник, или сега сум свет, не. И сега имам трн сатански во телото. Павле не ја сокрива својата слабост, сопствениот грев. Тој е грешник, но го прифаќа Исус Христос, разговара со Него – истакна Светиот Отец.
Клучот е во понизноста, а тоа e карактеристика на свети Павле. Тој јавно ја признава својата служба, односно се што има направено како Исусов пратеник. Но затоа не ги сокрива своите гревови. Павле е пример за понизност за нас свештениците. Ако со своите добри дела само се фалиме, тогаш сме на погрешен пат. Не можеме да го навестуваме Исус Христос, Спасенитео, бидејќи како такви во суштина и не го чувствуваме. Мораме да бидеме понизни, да имаме вистинска понизност со име и презиме – рече Папата објаснувајќи.
Јас сум грешник поради тоа, тоа и тоа. Онака како што прави Павле. Ја гонев Црквата, и сум вистински грешни. А не грешници со понизност која наликува на некоја фасада, не? Тоа никако, со голема понизност. Свештеничката понизност, христијанската понизност е вистинска. Ако христијанинот не успева ни пред себе ни пред Црквата да ја признае својата слабост, тогаш нешто не е во ред, тоа значи дека не може да ја сфати убавината на спасението кое ни го донесува Исус – рече Светиот Отец.
Браќа, имаме богатство: Исус Христос, Спасителот. Исусовиот крст е наше богатство со кое се гордееме. Но го носиме во глинени садови. Исус Христос не не спаси со некоја идеја, со некоја интелектуална програма, не. Не спаси со телото, со вистинско тело. Тој се понизи, стана човек, стана тело се до крај. Тоа богатство може да се сфати и да се прими единствено во глинени садови – истакна Светиот Отец.
И жената Самарјанка откако разговараше со Исус, на своите сонародници најпрво им говореше за своите гревови, а потоа и дека го сретна Господ, се однесува слично како и Павле. Верувам дека таа жена е во небото, и таму, како што вели Манцони, Господ секое започнато чудо го довршува, чудото со Самарјанката го доврши во небо. Да ја молиме Самарјанката да ни помогне да бидеме глинени садови како би можеле да го навестуваме и сфатиме славното таинство на Исус Христос – заврши папата Фрањо. (го*ко)