Свети Максимилијан Колбе: Да го почувствуваме рајот на земјата

Свети Максимилијан Колбе: Да го почувствуваме рајот на земјата

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа небото? Јас да. Мислам, зборуваме за тоа цело време во нашиот христијански живот, но кога малку подлабоко ќе размислиме за рајот всушност не знаеме многу за тоа.

Ние знаеме дека ќе го гледаме Бог лице во лице во рајот, а знаеме и дека таму ќе пронајдеме исполнетост на нашиот најдлабок копнеж. Но, не знаеме ни приближно колку навистина би сакале тоа да го знаеме.

Една од причините е тоа што рајот е премногу прекрасен, за да го разбереме. Свети Павле, кој всушност бил земен на небото, морал да признае дека она што го видел било неописливо. „Што око не видело, уво не чуло, ниту во човечкото срце влегло, тоа Бог го подготвил за оние кои го љубат“, рекол со восхит, поради она што го искусил.

Останатите светци и мистичари кои го виделе нашиот вечен дом ги потврдиле овие апостолски зборови, уверувајќи нѐ нас дека рајот е неискажлива радост и дека треба да го живееме и љубиме повеќе од сѐ останато на овоземскиот живот и богатства.

Предзнак на небото

Покрај нашето незнаење за вистинската природа на небото сепак имаме можност да доживееме мал предзнак на својата радост овде на земјата. Еден од моите омилени светци, свети Максимилијан Колбе, објаснува како можеме да го имаме тоа искуство. Вака пишува светецот со сопствени зборови (додадов нумерирање поради полесно читање). Во секој случај, оние кои се на оваа земја имаат прилика да вкусат однапред малку од небото, можат да добијат некои идеи за тоа како ќе биде. Сега секој може да го има тоа искуство. Сѐ што личноста треба да направи е:

  1. Да оди на исповед со искреност и внимателност, тагувајќи поради своите гревови, со цврста одлука за промена на својот живот. Ќе почувствува ненадеен мир и среќа, иако краткотрајно, но во споредба со тие недостојни уживања на овој свет кои се толку одвратни.
  2. Нека секој настојува да го прими Исус во Евхаристијата со правилна подготовка.
  3. Никогаш да не дозволува на својата душа да остане во грев, уште веднаш нека ја очисти.
  4. Нека храбро ги извршува своите должности.
  5. Нека упати понизни и чести молитви кон Божјиот престол, особено преку рацете на Безгрешната Девица.
  6. Нека пристапува кон секој човек со добротворно срце, носејќи ги за Бога страдањата и потешкотиите на животот.
  7. Нека прави добро на сите, дури и на своите непријатели; а можеби и почесто ќе пронаоѓа мир и радост дури и во сиромаштвото, страдањето, срамот или болеста.

Вечноста почнува сега

Во вистинска смисла на зборот, вечниот живот започнува сега. И рајот и пеколот се само потврда на онаа што луѓето слободно го избираат да го живеат во овој живот. Ако го бираме патот на себичноста, горделивоста, желбите за сето она што не е Божјо, ќе имаме многу брза реална слика за пеколот. Но, ако наместо тоа сме го избрале патот на светоста, одрекувањето, простувањето и љубовта кон Бог и ближните, ќе пронајдеме таков мир и радост па така тоа ќе биде вистинскиот предвкус на небото.

Можеби мислите дека сте живееле премногу грешно за да го имате тоа искуство на небото – но тоа едноставно не е вистина. Никогаш не е предоцна да се вратите кон Бог. Обратете се со искрено срце, исповедајте се и вратете се кон својот небесен Отец кој ве сака и чека да ве прифати. Тогаш ќе го вкусите и вие мирот кој што е над секој човеков разум.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот