Свети Климент, папа и маченик (+101)
Како што не известува свети Иринеј, Климент е четвртиoт папа после Петар, Лин и Анаклет. На чело на Римската црква е од 92 – 101. година. По потекло е Евреин од дијаспората. Не ни е познато каде и како доаѓа во контакт со христијанството. Свети Павле во Посланието до Филипјаните пишува за некој Климент како за „свој соработник”, но тоа е многу малку за да можеме да го поистоветиме тој соработник на Павле со Папата Климент. Традицијата на старите христијански автори е сложена во тоа дека Климент е ученик н аапостолите и дека е во директна врска со свети Петар.
За понтификатот на папата Климент, освен она од неговото Послание до Коринтјаните, немаме никакви други податоци. Умрел најверојатно на Исток, на Корзонес, каде што бил прогонет.
Неговиот лик и неговиот голем авторитет произлегуваат од Посланието кое го упатил до Коринт помеѓу 96 и 98 година. Тоа било веднаш по краткото второ прогонство на христијаните за време на владеењето на цар Домицијан. Од тоа прогонство многу претрпела и Римската црква која во тие тешки и критични моменти ја подржувал нејзиниот ревен папата Климент. И штом прогонството малку запрело, Црквата во Коринт се појавува нова бура, но овој пат од внатре. Таквите бури се многу опасни.
Спорот во Коринт се состоел во тоа што група млади бунтовници од месната христијанска заедница застанале против законски поставените свештеници. Тоа го направиле најверојатно поради завист, интерес или некој друг нечесен мотив.
Жалоно е што тие непознати гласноговорници успеале да заведат некои верници на своја страна, со што црковната заедница во Коринт ја доведува во многу тешка ситуација. Спородт бил толку многу сериозен заканувајќи се со раскол во Црквата во Коринт.
За сето тоа во Рим, како прв авторитет на Црквата бил информиран и папата Климент. Тој смета дека е негова должноста да ги смири духовите и повторно да вопостави мир и ред. Поради тоа до Црквата во Коринт испраќа Послание кое е изобилува со добрина и одлучност. Посланието го предал на троица сигурни луге: Клаудиј, Валери и Фортунат, кои тргнале на тежок пат пат од Рим до Коринт. Стравувајќи малку и за писмоносците и надевајќи се на среќен завршеток на нивното патување, Папата Климент го завршува своето Послание со следните зборови: Брзу вратете ги назад со мир како гласници на радоста, кои брзу ќе ни јавата за мир и слога, што толку многу ја посакуваме, за да можеме и ние да се зарадуваме за воспостаувањето на ред меѓу вас“
Климент во писмото против бунтовниците во Коринт не се служи со многу заобиколни зборови, знаејчи дека на лута рана треба да се стави лута трева. Затоа тој пишува:„Се дигнаа нечесните против чесните луѓе, неславните против славните, безумните против мудрите, младите против старите. Далеку се правдата и мирот зашто секој кој го напуштил стравот Божји во него потемнува верата. Никој веќе не чекори по нормите на неговите заповеди, ниту се однесува на начин достоен за Христос, секој се движи по желбите на своето срце, што ја зачнало онаа опасна и безбожна завист, заради која во светот влезе смртта.”
Превод: Сестри Евхаристинки – Гевгелија