Римската мартирологија вели: Свеченото сеќавање од страданијата на светите седум браќа маченици, што се случило во Антиохија во Сирија, во времето на царот Антиоха Епифан, бидејќи со непоколеблива вера го исполнувале законот на Господа, сурово биле осудени на смрт заедно со нивната мајка, која страдала за секое своите дете, но, како што се раскажува во Втората книга Макавејска, во сите нив ја вкусила победата за вечниот живот. Заедно со нив се слави споменот и на свети Елеазар, еден од најпочитуваните книжници, човек веќе во длабока старост, кој во истата перкусија одбил да јаде од забрането месо, за да преживее, претпочитајќи славна смрт отколку еден срамен живот, и им претходеше на останатите при губилиштето, оставајќи им восхитувачки пример на доблеста.
За 1 август во Римската мартирологија е наведено: „Во Антиохија, страданијата на Седумте свети браќа Макавејци, маченици, кои страдаа заедно со нивната мајка, за време на царот Антиоха Епифан нивните мошти, донесени во Рим, биле поставени во базиликата „Свети Петар во вериги“.
Нивната приказна е раскажена во Втората книга Макавејска, глава 7; на седумте браќа им е дадено името Макавејци, само поради името од книгата за која таа зборува. Втората книга Макавејска е резиме од приказната, напишана на грчки јазик од Јасон, еден евреин од Кирена кој пишувал некаде околу 160 година пред Христос, во која се раскажува за прогонството на верниците Евреи, од страна на царот Антиоха IV Епифан; особено мачеништвото на Елеазар (гл. 6) и она на маченици кои денес се слават (гл. 7). (…)
Библијата не ги дава нивните имиња, ниту посочува каде се извршило мачеништвото, ниту пак ја прецизира.
Генерално се вели дека тие биле мачени во Антиохија, според заедничката традиција на Западната и Источната Црква.
Првите христијани се восхитувале на овие храбри маченици од јудаизмот, претходници на Христовите маченици. Нивниот култ бргу се раширил и нивниот празник изгледа дека се проширил во целата Црквата околу V век. Историјата за култот била сумирана во „Патиштата на Светците“, се појавуваат и во Сириската мартирологија (412), во Календарот на Полемиј Силвиј (448) и во Картагинскиот календар (5-6 век), како и во ракописите од Мартирологијата на свети Јероним. За овие маченици поседуваме текстови од свети Григориј Назијански, свети Иван Златоуст, свети Августин, свети Амвросиј, свети Гауденциј од Бреша.
Според свети Јероним моштите на седумте браќа се наоѓале во Модин и тој се чудел дека се почитувале во Антиохија. Патеписот наречено Антонино (околу 570 година) го спомнува Антиохија каде што со другите светци и света Јустина почиваат „браќата Макавејци, во сосема нови гробници.
Сириската мартирологија денот 1 август го нарекува Макавејците „синови на Самунас“ во Антиохија, во еврејскиот кварт. (…)
Со голема веројатност мачеништвото се случило во Антиохија каде што гробниците биле почитувани сѐ до шестиот век. После 551 година биле пренесени во Цариград и барем делумно во Рим за време на Пелагиј I (556-561). Но можно е да станува збор за Пелагиј II (579-590) и дека моштите се пренесени директно од Антиохија. Тие сепак се почитуваат во Рим, во базиликата свети Петар во вериги, црква чиј патронен празник се паѓа токму на истиот ден, 1 август.
Во 1876 година таму бил пронајден саркофаг со седум оддели, кои содржеле коски и пепел со два натписи од олово кои се однесуваат на седумте браќа.
Празникот за седумте браќа не е спомнат во богослужбените книги. Нивниот култ можеби бил засенет од празникот на свети Петар во вериги.
Свети и Блажени/З.А.