Дикастеријата за лаици, семејство и живот во петокот, 6 август 2021 година, во Ватикан ја објави глобалната иницијатива за промовирање на семејството – „Глобален католички пакт за семејството“.
Целта на проектот е „да се промовира семејството во светот во светлината на социјалната доктрина на Црквата“, а по повод годината на семејството „Amoris Laetitia“, која е во тек по иницијатива на папата Фрањо. Пактот за семејството треба да биде склучен на завршниот настан пред Светската средба на семејства во јуни 2022 година.
Во подготовката на пактот во Ватикан се собираат искуства и резултати од истражувања од целиот свет. Меѓу другото, се спроведува анкета за семејството на универзитети, образовни институции и истражувачки центри на сите континенти. Во центар се културолошката и антрополошката важност на семејството, семејните односи, социјалната вредност на семејството и најдобрите искуства на семејната политика на меѓународно ниво.
Кампањата соработува со Дикастеријата за лаици, семејство и живот и Папската академија за општествени науки, како и италијанскиот истражувачки институт Меѓународен центар за семејни студии (CISF – Centro Internazionale Studi Famiglia) со седиште во Милано.
Ватикан њуз/к.мк
Папата најави година поветена на семејството и Апостолскиот поттик Amoris Laetitia
Во Ватикан претставена Година на семејството – Amoris laetitia