Светиот Престол остро го осудува бомбардирањето на училишта и болници

Симон Касас вршител на должноста при Мисијата на постојан набљудувач на Светиот Престол во Обидинетите нации кога на 2 август учествуваше во расправата на Советот за безбедност за децата војници односно за 14 годишниот извештај на главниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Со оглед на драмата на децата вклучени во вооружените конфликти Светиот Престол сака сите да го положат оружјето и да пристапат на дијалог – истакна монс. Симон Касас вршител на должноста при Мисијата на постојан набљудувач на Светиот Престол во Обидинетите нации кога на 2 август учествуваше во расправата на Советот за безбедност за децата војници односно за 14 годишниот извештај на главниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. Монс. Касас потсети на заземањето на Католичката црква која во своите структури ги лекува жртвите.

Известувањето на Бан Ки-мун

Како да живеат во пеколот – рече главниот секретар на Обединетите нации во расправата мислејќи на бројните деца кои се жртви на тортура, осакатување и сексуално злоупотребување. Најкритично е во Авганистан, Ирак, Сомалија и Јужен Судан, но и во Јемен каде што се за пет пати се зголеми бројот на малолетници ангажирани во војска или во локалните вооружени групи, шест пати порасна бројот на убиени или осакатени деца, а сè уште е поцрна состојбата во т.н. Исламска држава каде што со деца се пополнуваат борбените редови или кај фундаменталистичките групи Боко Харам, во Нигерија каде што 21 девојка – бомбаш експлодира во преполно места.

Не може да се заборави Сирија каде што илјадници деца загинаа од почетокот на вооружениот конфликт. Сепак некој зрак светлина ја осветлува оваа темна слика: повеќе од осум илјади деца во 2015 година се ослободени, а многу држави донесоа закони за нивна заштита. Важен е напредок, во свет каде околу 250 милиони деца живеаат во земји зафатени од вооружени конфликти.

Деца вклучени во конфликтите

Деца војници, користени како камикази, сексуално експлоатирани или учествуваат во најопасните воени потфати. За децата во поглед на вооружените конфликти најлоша беше 2014 година, но по тешките насилства ја надмина 2015 година. „Во модерната историја децата никогаш не биле толку изложени на насилна грубост“ рече на почетокот на говорот монс. Касас барајќи најостра осуда на уривањето на училиштата и детските болници што и покрај меѓународното хуманитарно право стана воена стратегија – истакна монс. Касас.

Владите треба да ги почитуваат преземените обврски

Главниот секретар на Обединетите нации зборуваше за напредокот во заштитата на децата, но и за потребата да се направи повеќе, а монс. Касас кажа дека владите мора во целост да ги исполнат преземените обврски за да се заврши засекогаш регрутирањето на малолетници. Мојата делегација во согласност со Извештајот смета дека воздушните напади и експлозивните направи со проширени ефекти на населени места ја зголемуваат опасноста на кои се изложени тие деца.

Заземањето на Светиот Престол и целата Католичка црква

Светиот Престол секогаш соработувал со Обединетите нации во спротивставувањето со многуте облици на насилство кон децата вклучени во вооружените конфликти. Преку своите структури кои дејствуваат во поголем дел на завојувани подрачја, Католичката црква се грижи за жртвите на тоа насилство – истакна монс. Касас. Освен тоа веќе со години структурите на Светиот Престол и бројните католички институции соработуваат со мировните мисии и агенции на Организацијата на Обединетите нации во обесхрабрување на насилството над малолетниците. Сакаме драмата на децата вклучени во вооружените конфликти да поттикне на промена на срцата како и конфликтните страни да го положат оружјето и да тргнат по патот на дијалогот – рече монс. Касас.

Повторно вклучување во општетсвото на децата-војници

Треба да им се помогне на семејствата чии деца прежувеале вооружени конфликти за да се надминат предрасудите над нив посебно кон сексуалната злоупотреба на девојките. Треба да се најде начин како повторно да се вклучат во нивните заедници. Вклучувањето во општетсвениот живот мора да биле главна обврска. Сите се должни да придонесат за завршувањето на варварското постапување кон децата, вклучени во конфликтите а во прв ред Советот за безбедност  – рече претставникот на Светиот Престол.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот