Постојаниот набљудувач на Светиот Престола при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), монсињор Јануш Урбанчик, на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ, истакна дека не треба да се штедат енергија и можности за водење меѓународен дијалог.
Светиот Престол продолжува внимателно и со загриженост да го следи развојот на ситуацијата во Украина и е длабоко загрижен поради неодамнешното зголемување на тензиите. Ова е изјавата на монсињор Јануш Урбанчик, постојан набљудувач во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), потсети на обраќањето на папата Фрањо пред Дипломатскиот кор во јануари, нагласувајќи дека меѓусебната доверба и подготвеноста за мирна дебата мора да ги охрабри сите засегнати страни да најдат прифатливо и издржливо решенија во Украина.
Постојаниот набљудувач на Светиот Престол истакна дека не треба да се штедат енергија и можности за водење меѓународен дијалог за да се стави крај на тензиите. Тој потсети дека во последните денови Светиот Отец зборуваше и за ситуацијата во Украина. Говорејќи на молитвата Ангел Господов на 23 јануари, тој со загриженост рече дека ја следи ескалацијата на тензиите што се закануваа да му нанесат нов удар на мирот во Украина и да ја загрозат безбедноста на европскиот континент, со уште поголеми последици.
Истиот ден Светиот Отец ги повика сите луѓе со добра волја да ја воздигнат својата молитва кон Семоќниот Бог, секоја политичка акција и иницијатива да биде во служба на човечкото братство, над партиските интереси. Да не заборавиме – војната е лудост, рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 9 февруари. Светиот Престол смета дека е важно да се изгасне секоја закана за навестување на војна.
Ватикан њуз/к.мк