Светиот Отец упати порака до учесниците на Националното поклонение за семејства во Помпеја
Преку својот Државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, папата Фрањо на 13 септември 2014 година упати порака до архиепископот Томасо Капут, по повод 8. Национално поклонение на семејства во светилиштето Блажена Девица од Светата Бројаница во Помпеја. На сите поклоненици Светиот Отец ги упатува своите поздрави и им ја гарантира својата духовна близина. Благодарејќи им на учесниците за нивните знаци на заедништво и за сведочењето на убавината на семејниот живот, на прагот од синодата, ги доверува на застапништвото на Блажена Девица Марија, Мајка на семејствата и бракот.
Светот Отец поттикна на молитва за семејствата кои се во потешкотии поради невработеност, прогонство за верата, како и за сите семејства кои страдаат. Светиот Отец на крајот и самиот се препорача во нивните молитви и на сите поклоненици им го подели својот апостолски благослов.
РВ/го*ко