Светиот Отец се сретна со римските пароси

Папата во четврток ги прими римските пароси на аудиенција и зборуваше на за уметноста на славење. Радио Ватикан зборуваше со дон Фабио Бартоли, парох во црквата Свети Бенедикт во Рим.

Во четврток 19 февруари Светиот Отец во салата Павле VI во Ватикан се сретна со римските пароси. Во центар на средбата беше темата: ‘Ars celebrandi’ односно уметноста на славење, а посебно беше истакната проповедта.

За подготовката на таа средба свештениците добија говор кој тогашниот кардинал Бергољо во 2005 година го одржа во Конгрегацијата за свети Тајни и обреди, токму на оваа тема.

Зборовите на Папата ми оставија голем впечаток посебно дека во Литургијата треба повторно да се врати чувството за восхитување – рече во краткиот разговор за Радио Ватикан, дон Фабио Бартоли, парох во црквата Свети Бенедикт во Рим. Ми остави впечаток неговата мисла дека ниту самиот свештеник не е во состојба да се восхитува на евхаристијата доколку само внимава на правилата, ниту пак оној кој слави неуредно. Важно е да се пренесе чувството за восхит, кое најпрво ние треба да го почувствуваме при славењето – додаде дон Фабио.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот