Светиот Отец до Папските мисионерски дела: Отворете ја вратата на Црквата за да можат во неа сите да најдат засолниште
Црквата, по својата природа е мисионерска и како основен прерогатив го има каритативното служење на сите. Братството и заедничката солидарност се природни во нејзиниот живот и во посланието во светот и за светот, истакна Светиот Отец, говорејќи пред националните управители на Папските мисионерски дела и пред соработниците на Советот за евангелизација на народите, коишто претпладнето на 9 мај 2014 ги прими во аудиенција.
Желбата да се навестува Евангелието до крајот на светот овозможува ефективен и отворен пасторал. Мисионерската дејност е парадигма за секое црковно делување. Обновената Црква му е потребна на светот обележана со длабоки промени. Евангелизацијата, во време на големи општествени промени, бара мисионерска Црква, која е целосно излезена и е спремна да се соочи со различните култури и погледи, истакна Светиот Отец.
Потребна е Црква што допирот со Христос го преобразува во сила на Духот. Христовиот Дух е извор на обнова, тој ни отвора нови патишта, нови креативни методи, различни облици на изразување за евангелизацијата во денешниот свет. Треба да се има храброст, објасни Папата, за да се дојде до сите периферии на кои им е потребно светлото на Евангелието. Не можат да не спречат ниту нашите слабости, ниту нашите гревови, ниту бројните пречки што се поставуваат пред сведочењето и навестувањето на Евангелието, истакна Папата.
Братството и солидарноста се во природата на црковниот живот и нејзиното послание во светот. На сите треба да им се навестува Евангелието, почнувајќи од последните, од сиромашните. Црквата е народ на блаженството, куќа на сиромасите, на тажните, на исклучените и прогонетите и на сите оние што се гладни и жедни за правда, истакна папата Фрањо.
Обраќајќи се до националните управители на Папските мисионерски дела, ги поттикна да ја фаворизираат мисионерската соодговорност. Од вас се бара да ги сензибилизирате црковните заедници за да ги прифаќаат во прв ред сиромашните, држејќи ја отворена вратата на Црквата за да можат да влезат сите и за да можат во Црквата да најдат засолниште. Папските мисионерски дела се привилигирано орудие кое потсетува на „missio ad gentes“. Потребни се свештеници, монаси и верници – лаици кои сакаат да тргнат по патот на евангелизацијата, заклучи папата Фрањо.
РВ/В.Н.