Светиот Отец: Во Црквата треба да се работи околу единството
Светиот Дух во Црквата поттикнува „движење“ кој може да изгледа „збунувачки“, но ако се прифати во молитва и во духот на дијалогот секогаш создава заедништво меѓу христијаните – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 8 мај.
Светиот Дух во Црквата поттикнува „движење“ кој може да изгледа „збунувачки“, но, ако се прифати во молитва и во духот на дијалогот секогаш создава заедништво меѓу христијаните – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 8 мај кој ја славеше за својата татковина на денешниот литургиски спомен на Богородица од Лухан заштитница на Аргентина.
Секогаш кога христијаните – од времето на апостолите – се соочувале со искрен дијалог, не поттикнувајќи на предавство и внатрешни фракции секогаш сфаќале што треба да прават благодарение на вдахновението на Светиот Дух. Тоа се гледа во денешното читање од Делата Апостолски за што донесува заклучок Ерусалимскиот собор откако дошло до несогласување околку христијаните од паганско односно не еврејско потекло.
Ерусалимскиот собор по значителната напнатост донел неколку едноставни правила до кои оние што се обратиле на христијаството требало да ги одржуваат. Проблемот бил во „затворените“ групи христијани кои биле наврзани на Мојсевиот закон и сакале да го наметнат неговото почитување на новите христијани. Свети Павле, апостолот на народите одлучно на тоа се противел.
Како го решиле проблемот? – праша Папата. „Се сретнале и секој го дал својот суд, своето мислење. Се расправале, но како браќа, а не како непријатели. Не се здружувале во групи за да победат, не оделе кај граѓанските власти и не убивале за да победат. Го барале патот на молитвата и дијалогот. Тие кои биле против ставовите се вклучувале во дијалогот и се согласувале. Тоа е дело на Светиот Дух.
Конечната одлука е прифатена во хармонија. Врс основа на тоа на крајот на соборот е напишано писмо и испратено на „браќата придојдени од паганството“. Содржината на тоа писмо е плод на измени и работата на соборот кој секогаш се разликува од полемики и интригите на оние кои сејат раздор – рече папата Фрањо.
Во Црква во која постојано се расправа и постојат внатрешни фракции и предавство на браќата – таму Го нема Светиот Дух! Духот е Оној Кој создава нешто ново, која ја движи ситуацијата за да оди напред, Кој создава нови простори, ја дава мудроста која Исус ја вети: Он ќе ве поучува! Тоа поттикнува и на крајот создава хармонично единство меѓу сите – рече Светиот Отец.
Зборовите со кои завршува писмото од Ерусалимскиот собор го открива духот на христијанската слога која не е само гест на добра волја, туку плод на Светиот Дух. „Светиот Дух и ние“ – таа формула означува дека преку делувањето на Светиот Дух е постигната хармонија – рече Папата и проповедта ја заврши со молитва за Господ Исус секогаш да ни Го испраќа Светиот Дух; да Го испраќа на Црквата за да може да биде верна на Неговите иницијативи.
РВ/Д.И.