Во проповедта за време на светата Литургија во домот Света Марта во четврток 13 февруари 2020 година, Папата ги поттикна верниците да не го заборават Господ постепено.
Постепеното лизгање во грев, релативизирајќи ги работите и преговарајќи со боговите на парите, испразноста и алчноста, е отпадништво од верата – предупреди папата Фрањо за време светата Литургија, зборувајќи за кралот Соломон. Првото литургиско читање зборува за отстапништво од верата на Соломон, затоа што не останал верен на Господ (3 Царства 11,4-13) – рече Папата и истакна: Имено, кога бил стар, неговите жени го натерале да го отврати своето срце од Господ за да следи други богови.
На почетокот како млад бил добар, од Господ барал само мудрост и Бог го направил да биде таков, до таа мерка што дури му доаѓале судии и царицата Савска, од Африка, со дарови, затоа што слушале за неговата мудрост – рече Светиот Отец и додаде: Се гледа дека таа жена малку била и филозоф и му поставувала тешки прашања. Соломон од тие прашања излегол како победник, затоа што знаел како да одговори.
Во она време било можно да се има повеќе жени, што не значи дека било дозволено да се биде женскар – рече Папата и напомена: Соломоновото срце било развратено, не затоа што се оженил со тие жени; тоа можел да го направи, туку затоа што ги избрал од друг народ, заедно со други богови. Значи, Соломон падна во замка и попуштил кога една од жените ми кажала да оди да се поклони на Хамос и Молох. Тоа го направи заради своите жени туѓинки, кои принесувале жртва на своите богови.
Со еден збор,дозволил сè, престанал да го почитува единиот Бог – рече Папата и објасни: Од развратеното срце, поради преголемата наклонетост кон жените, во неговиот живот влегува паганство. Значи, она мудро момче, кое убаво молело, барајќи мудрост, паднал до таа мерка што Господ го отфрла. Тоа отстапништво не се случило преку ноќ, туку пополека. И неговиот татко Давид најмалку два пати многу згрешил, но веднаш се покајал и молел за простување. Останал верен на Господ кој го чувал сè до крај.
Давид плачел заради својот грев и заради смрт на синот Авшалом, а кога пред тоа бегал од него, размислувајќи за својот грев кога луѓето го навредувале, се понижил – рече Светиот Отец и истакна: Бил свет, а Соломон не. Господ му дал многу дарови, но тој сè уништил, затоа што дозволил срцето да му стане развратно. Не се работи за грев, кој е направен еднаш, туку се работи за паѓањето во грев. Жените го приклонија срцето негово и Господ го прекори: Ти го отстрани срцето твое од мене (сп. 3 Царства 11,9).
Тоа се случува и во нашиот живот – рече Папата и продолжи: Никој од нас не е криминалец, никој од нас не прави големи гревови, како што направил Давид со жената на Урија. Но опасноста е во постепеното паѓање во грев, кое нè умртвува, затоа што не чувствуваме и не сме свесни за падот, ги релативизираме работите и ја губиме верноста кон Бог. Тие жени биле од други народи, имале други богови. Колку пати забораваме на Господ и влегуваме во преговори со други богови, како што се парите, испразноста и алчноста? Тоа ни се случува полека и ако се нема Божјата милост, се губи сè.
Мешањето со други луѓе и да се научиме да правиме како тие, значи да се стане световен и паган – рече Папата и додаде: Тој постепен пад во световност е нашиот тежок грев. Некој ќе каже: Сите тоа го прават, не е проблем; вистина, не е идеално, но… Тоа се зборовите со кои се оправдуваме и по цена да се загуби верноста кон единиот Бог. Тоа се модерните идоли. Да размислиме за гревот на световноста. Што значи да се изгуби невиноста на Евангелието, Божјите зборови и да се изгуби љубовта кон Бог, кој за нас го даде својот живот? Не можеме да бидеме добри со Бог и со ѓаволот.
Кога зборуваме за некој човек сите велиме дека е добар и со Бог и со ѓаволот. Меѓутоа верноста кон Бог е изгубена. Тоа во пракса значи дека не е верен ниту на Бог, ниту на ѓаволот. Да размислиме за тој грев на Соломон, за тоа како паднал мудриот Соломон, кој што Господ го благослови, со сè она што го наследи од неговиот татко Давид, како постепено падна, умртвен од идолатријата и световноста, и му е одземено царството.
Да го молиме Господ за милост да сфатиме кога нашето срце започнува да станува развратно, за да запреме. Ако го молиме, Неговата милост и љубов ќе го запре тоа – рече Папата на крајот од својата проповед.
Ватикан њуз/к.мк