Света Марта: Во ова тешко време Бог нека им помогне на болните да најдат вистинска љубов

Света Марта: Во ова тешко време Бог нека им помогне на болните да најдат вистинска љубов

Папата Фрањо за време на светата Литургија во понеделник 16 март 2020 година во домот Света Марта продолжи да моли за болните и се обрати до семејствата кои во оваа ситуација се шогодени од корона вирусот. Папата во проповедта посебно истакна дека е потребно да се прифати Божјата едноставност како не би паднале во арогантност.

И понатаму молиме за болните – рече папата за време на светата Литургија која беше пренесувана преку стриминг. Мислам на семејствата кои се затворени, на децата кои не одат на училиште и родителите кои не можат да излезат од дома; некои се во карантин. Господ нека им помогне да откријат нови начини, нови знаци на љубов и соживот во оваа нова ситуација. Тоа е убава можност креативно во семејството повторно да се пронајде вистинската љубов. Молиме за семејствата, како нивните односи во овој момент постојано би се развивале кон добро.

Во читањата на денешната света Литургија наидуваме на човечко однесување кое привлекува внимание, но не е со добар дух – рече Папата и додаде: Тоа е презир. Назарејците започнале да го слушаат Исус, им се допаѓало како зборува, но потоа некој рекол: На кој универзитет студирал овој? Тоа е синот на Марија и Јосиф, син на дрводелецот! Што има тој да ни кажува? И народот се разлутил. Започнале да го презираат. А тој презир ги донесува до насилство, а Исус, на чија проповед на почетокот се восхитувале, го исфрлиле надвор за да го турнат.

И Нееман кој бил добар човек и отворен за верата се разлутил кога пророкот го испратил да се потопи во реката Јордан седум пати – рече Светиот Отец и цитира: „Ете, јас мислев, дека тој ќе излезе, ќе застане и ќе го повика името на Господа, својот Бог, ќе ја стави раката своја на местото и ќе ја симне лепрата;. зар дамаските реки Авана и Фарфар не се подобри од сите израилски води? Не можев ли да се искапам во нив и да се исчистам?” Па се сврти и си отиде налутен. Си отиде со презир.

И во Назарет имало добри луѓе, но што имало зад тие добри луѓе, што ги натера на презир и уште полошо на насилство? – праша Папата и објасни: Луѓето во назаретската синагога, како и Нееман мислеле дека Бог е присутен само во посебни и необични работи. Мислеле дека Бог не може да дејствува во вообичаените работи во животот и во едноставност. Го презирале едноставното. Нашиот Бог ни помага да сфатиме дека тој дејствува секогаш според едноставноста на назаретската куќа, секојдневната работа и молитва. Меѓутоа, световниот дух нè води во испразност и привид.

И Назарејците и Нееман завршиле со насилство – рече Папата и додаде: Нееман бил многу пристоен, но на пророкот му ја треснал вратата и си заминал. Тоа е насилство. Луѓето во синагогата се загреале и одлучиле да го убијат Исус, но несвесно, го исфрлиле како би го турнале. Презирот е грдо искушение кое доведува до насилство.

Пред неколку дена на мобилен телефон ми покажаа видео снимка која покажува една врата на зграда ставена во карантин – рече Светиот Отец и додаде: Еден млад господин сакал да излезе. Чуварот му кажал дека не може. И тој започнал да го удира со лутина и презир, говорејќи: Кој си ти за да ме спречиш да одам „црнчиште“? Тоа е презир и арогантно однесување, со лошо сиромаштво на духот. Тоа се арогантни луѓе кои живеат во лага дека се нешто повеќе од она што навистина се. Тоа е духовна “класа’ на луѓе кои презираат, секако, често имаат потреба да презираат и да се лутат како би се чувствувале важни.

Тоа може да ни се случи и на нас, тоа е фарисејки скандал, како што го нарекуваат теолозите, а тоа значи дека може да се скандализираме за некои работи кои всушност се Божја едноставност, едноставност на сиромашни и едноставност на христијани. Тогаш велиме: Тоа не е Бог. Нашиот Бог е покултурен, помудар и поважен. Бог не може да дејствува со таква едноставност. Тоа секогаш е презир кој доведува до насилство, дали физичко или преку оговарање, кое убива како и она физичкото. Да размислиме за тие два чекора: за презирот на луѓето во назаретската синагога и презирот на Нееман, затоа што не ја сфатиле едноставноста на нашиот Бог – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот