Света Марија Маргарета Алакок – светицата на Пресветото Срце Исусово

Света Марија Маргарета Алакок – светицата на Пресветото Срце Исусово

Денес си спомнуваме на светицата која е најзаслужна за ширењето на побожноста кон Пресветото Срце Исусово. Света Марија Маргарета Алакок е најзаслужна за почитувањето на Христовата милосрдна љубов искажана кон сите луѓе.

Марија Маргарета Алакок е родена 1647 година како петто дете во богато семејство. Од најрана возраст посебно била побожна кон Пресветата Тајна Евхаристија и повеќе ја избирала тишината и молитвата наместо детската игра. На возраст од пет години кога престојувала кај кумата чија ќерка биле чесна сестра, слушнала за заветите и без никој да знае на светата Литургија ги кажа своите први заветни зборови: „О, мој Боже Вам ви ја посветувам својата чистота и се заветувам на доживотна девственост.

Кога имала десет години починал нејзиниот татко, со мајка ѝ се преселиле кај роднини кои ги злоупотребувале и им ги одземале парите и имотот. Тогаш единствена утеха ѝ била молитвата, а во тие моменти започнала да ги прима и првите објави на Исус Христос.

На шеснаесет години мајка ѝ ја воведува во светот на благородништвото, во јавниот живот. Така учествувала на разни световни настани, игри и дружења, но една вечер кога се вратила од бал имала визија на Христос камшикуван. Тогаш почувствувала каење заради сопственото неверство кон Исус Кој ѝ искажал толку блискост и љубов.

Посетувала многу манастири, но дури по доаѓањето во манастирот Посетата на Блажена Дева Марија во Paray-le-Monialu слушнала внатрешен глас: „Овде сакам да те имам“.

Во манастирот влегува на 25 мај 1671 година на возраст од 24 години. Не многу долго по влегувањето примила многу приватни визии и објави. Секако најпознатата визија е од јуни 1675 година кога Исус ѝ го покажал своето Срце ѝ и кажал: „Ова е Срцето кое толку ги љуби луѓето сѐ до целосно предавање за да им ја покаже својата љубов, а поголемиот дел не се ниту благодарни.“ Вториот пат Господ ѝ кажал: „Моето божествено Срце гори од љубов кон човекот, а посебно кон тебе.“ Од тогаш светицата настојувала да се вклучи во промовирање на посебна побожност кон Пресветото Срце Исусово.

Нејзините сестри од манастирот не ја прифаќале, ја нарекувале со различни имиња, како што е „визионерка.“ Но, Маргарета било понизна и послушна пред тие прогони. Во таа духовна борба најмногу ѝ помогнал исусовецот Клаудиј Ла Коломбиере за кој Исус на Маргарета ѝ кажал дека е „вистински и совршен пријател.“ Отец Клаудиј бил нејзин исповедник и немна него му ги доверувала своите визии и Христовите зборови. Од тогаш со негова помош започнало да се оддава почит на Пресветото Срце во Светиот час кој се моли секој четврток од 23 часот до полноќ во спомен на Исусовата молитва и агонијата во Гетсеманската градина, а се состои од молитви за покајание, бдение и чин на поклонување. Исто така самиот Христос посакал во петок осум дена по празникот на Пресветата Евхаристија да се чествува неговото Срце.

Боледувајќи цел живот од разни болести света Марија Маргарета Алакок умира во 1690 година на возраст од 43 години, одбивајќи секакво олеснување за болките: „Сѐ што имам на Небото и сѐ што сакам на земјата тоа си само Ти мој Боже.“ Умира изговарајќи го Исусовото Име.

Прогласена е за блажена во 1864 година, а за света 1920 година.

Лаудато/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот