Празникот на свети Валентин – ден на Љубовта за секоја жена

Празникот на свети Валентин – ден на Љубовта за секоја жена

Денес на посебен начин се одбележува денот на љубовта. За некои тоа е супер, за некои без врска, а ние што велиме, прочитајте во продолжение.

Обичајот славење ден на вљубените на празникот на свети Валентин, веќе со векови е познат во календарите – не само за верниците, туку и за т.н. „секуларно“ општество кое до таа мерка го комерцијализирала што за споменот на овој светец не се ни размислува. Секако, да не се размислува и да не се бара вистинската Љубов, она која никогаш не престанува. Наместо тоа светот на 14 февруари нуди страст, во суштина себична „љубов“, објективизација и на крајот релативизација на светото. А каде сме ние католиците? Или му попуштаме на светот или категорично го отфрламе празникот на свети Валентин како нешто што нема врска со нас.

За свети Валентин не знаме многу. Старите списи упатуваат на тоа дека бил лекар и свештеник со голема мудрост и доблесен живот и уживал голем углед и кај христијаните и кај поганите. Одбил пред царот Клавдиј II, да го негира Исуса Христа и на крајот му е отсечена главата.

Како тогаш дојдовме до тоа луѓето да го нарекуваат „заштитник на вљубените?“ Освен што повеќе пати бил затворан заради ширењето на Евангелието, упорно венчавал христијански парови. Покрај тоа, датумот на неговата маченичка смрт бил препорачлив за светата Тајна Брак, бидејќи е помеѓу Божиќниот пост и Великиот пост. Постојат уште многу легенди кои го поврзуваат светецот и вљубеноста, но всушност неговиот живот ја сведочи онаа Љубов која секоја католикиња – дали е сама, во врска, свршена или во брак – треба тој ден да ја прослави!

Девојки без момче

Да се биде без момче на празникот на свети Валентин во светот е поразувачко, а овие девојки да слават во најмала рака е чудно. Но, католикињата и овој ден може да го сфати како милосен ден за преиспитување на себе, на својот однос со Бог. Скапоцените моменти кои ги поминува во молитва може да ги посвети на својот иден брачен живот, на својот сопруг и идното семејство. Тоа е дарувано време во кое појасно може да се слуша својот повик и одлучно да се одговори на него.

Знаеме дека само Бог може да го исполни нашиот длабок копнеж за љубов. И жените кои имаат свршеник или сопруг во Бог треба да бараат совршена љубов. Но, сепак девојките без дечко треба да кажат: на празникот на свети Валентин сети се на својата прва Љубов! Врати се на Изворот… Набљудувај Го во Пресветата Тајна Евхаристија. Барај ја Неговата волја во својот живот. Одвој време за читање на Светото Писмо, слушај Го Неговиот глас. Бог ги слуша твоите тешкотии, твојата вознемиреност, те утешува во твојот сомнеж – дури и во недостаток на доверба. Вежбај сега потпирање на Бог, а не на човекот – затоа што таа животна лекција може еден ден да ти ја спаси и врска и бракот. Времето кое сега го даруваш со благослов ќе ти се врати. Среќен празник свети Валентин!

Свршеници пред брак

Светот за оваа девојка ќе каже дека се приближува до својата цел. Сигурно веќе има резирвирана сала за свадбената свеченост, својата венчаница од соништата и договорена музичка група. Што да чека? И онака, тоа е тоа, да се однесуваме како да сме веќе во брак!

Да… Свршеница католикиња на празникот на свети Валентин е восхитена и благодарна. Но, знае дека бракот не е цел, туку стартна позиција. Сето тоа е само подготовка за заедничкото чекорење кон Вечноста. Овој ден ќе го искористи за заедничко размислување и преиспитување – на што го градиме нашето заедништво? На цврста карпа или на песок? Дали сме му дозволиле на Бог да нѐ одликува еден за друг? Дали сме подготвени да се откажеме од погледот на „совршен брак“ и да не бараме совршенство во својот иден сопруг? Дали сме подготвени да живееме во несебична љубов, во која похотта се претвора во пожртвуван копнеж, кој повеќе се грижи за душата на својот љубен отколку за сопственото задоволство?

Не, ништо не губиш со тоа што ги отпушташ идеализираните мисли. Во добивка си затоа што Бог може да го обликува твојот иден брак според свое, а не според твојот план. Среќен празник свети Валентин.

Жени во брак

Како сѐ да е пробрнато, кога е во прашање светата Тајна. Светот наеднаш се предава пред заедништвото и дарувањето кога е во прашање славење на празникот свети Валентин за жените во брак. Прво, имај високи очекувања од денешното славење или дозволи нешто да ти го уништи. Или уште подобро немој да го славиш. Затоа што си во брак.

Вистина е таква што празник свети Валентин за вас е заедничко сведочење на Љубовта, сега целосно и со цел. Подароци, цвеќиња и вечери се само магла која го сокрива она најважното: да ја задржиш Љубовта на денот на вљубените. Вашите нежни разговори и заедништво сега се нешто многу повеќе. Отворени се за новоста на животот, светотаински се окрепени со благослов и несебично се помага на другиот на патот до вечниот живот. Повеќе не станува збор само за поединецот, туку за целото семејство. Љубовта која ве поврзува нека се одрази во искуството на животот на вашето семејство! Среќен празник свети Валентин!

И на крајот…

Пред царот, свети Валентин не се срамел да сведочи за Исус, иако знаел дека тоа може да го чини живот. Бесниот цар му дал ултиматум за да ги прифати римските богови, но свети Валентин не ја негирал својата посветеност на Исус Христос како вистински и единствен Бог и Спасител. Заради Исус Христос буквално ја загубил главата. Денес на улиците и на социјалните мрежи ќе слушнеме дека многумина од вљубеност ја загубиле главата заради некоја личност. Дали и ти си подготвен да ја загубиш својата заради Љубовта?

Жена Врсна/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот