Света Катерина Александриска

Света Катерина Александриска

Во Александрија света Катерина, Девица и Маченичка, била затворена заради исповедувањето на христијанската вера за време на императорот Максимин, а потоа свирепо мачена со скорпии, и на крајот обезглавена го заврши мачеништвото. Нејзиното тело, на чуден начин пренесено од ангелите на планината Синај, беше почитувано од мноштво христијани.

Света Катерина – родена од царска лоза, надарена со голема интелигенција и со ретка убавина, поради кое била почитувана како најсреќна млада девојка во градот.

Подучена во сите науки, но особено во филозофијата од најпознатите оратори, знаеше да го воздигне својот ум над сите материјални работи и од создадените работи да се воздигне до Создателот.

Затоа, штом слушнала за Христовата вера, нејзината висока интелигенција потпомогната од милоста Божја разбра дека таа вера е вистинската и веднаш би ја прифатила, доколку некои световни земски врски не би и го попречиле решавачкиот чекор. Но Господ, кој ја сакаше за негова невеста, го забрза нејзиниот влез во војската на белите гулабици, нему посветени.

Обземена од љубовта со која Господ ја хранеше, се крсти, посветувајќи се целосно на добротворноста и на подучувањето на паганите. Толку голема беше нејзината слава за нејзината милост и за нејзиното знаење, така што тоа стигна и до ушите на самиот император Максимин, озогласен човек заради неговата жестокост.

Тој испрати да ја повикаат Катерина при него, за да биде посигурен за сето тоа што слушнал и за да ја запознае од поблиску онаа која многу ја возвеличувале.

Но, штом дознал од устата на светицата дека била христијанка, веднаш со закани и преколнување заповеда да се откаже од култот кој тој го мразеше, и да му принесе жртва на Јупитер.

Не се разочара храбриот дух на Катерина од овие зборови,туку без размислување му одговори дека била решена да остане во верата која ја исповеда и почна да зборува за суетата на боговите и за вистината на единствениот вистински Бог со жестоки зборови заради кои и самиот император останал збунет.

Тогаш беше доверена на некои пагански филозофи кои би ја убедиле дека греши, но таа успеа да ги убеди и нив во вистинската вера.

Заради тоа понижување жестокиот император ги осуди на смрт овие нови преобратеници, а Катерина, после навредите и омаловажувањата, нареди нејзиното тело да биде врзано за тркало и со куки да ѝ биде растргнато месото.

Светицата не беше исплашена од таквата казна, туку беше среќна што ќе го даде својот живот за својот Свршеник, побрза да умре во овие маки. Штом девственото тело беше во контакт со инструментот на нејзиното мачеништво, тоа се скрши громогласно со што предизвика голема паника помеѓу џелатите. Духот на Максимин не се вознемири и нареди Светицата веднаш да биде изведена надвор од градот и таму да ѝ биде пресечена главата.

Стигнати на местото на мачеништвото ѝ ги врзале очите и еден џелат со еден удар ја отсече главата на Катерина, но од оваа рана протече изобилно млеко, последното сведоштво на нејзината невиност.

Нејзиното тело од ангелите беше пренесено на планината Синај и таму погребена. На нејзиниот гроб потоа беше изграден еден величенствен храм и еден голем манастир кој остави вечен спомен на оваа Христова девица.

Заштитничка е на грнчарите, филозофите,мелничарите, кројачите и студентите.

МОЛИТВА:

О, Боже, кој го даде законот на Мојсеј на планината Синај и на истото место преку твоите ангели на чудесен начин го однесе телото на твојата света девица и маченичка Катерина, направи и ние со нејзино посредништво да стигнеме на вечната планина, кој е Христос.

Санто дел Џорно/З.А

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

 

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот