Со благослов на Н.В.П. монсињор Киро Стојанов во недела 3 ноември 2024 година во Паљурци на Чуката, во црквата Мајка Божја Утешителка, ректорот на светилиштето протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов во заедништво со парохот во Богданци протојереј ставрофор отец Тома Ангелов служеше света божествена Литургија.
На светата Литургија присуствуваа Сестри Евхаристинки од Гевгелија, како и верници од струмичко и богданско-гевгелискиот крај, но и потомци на некогашните жители на Паљурци.
Во својата проповед ректорот на светилиштето отец Зоран И. Стојанов истакна дека Паљурци бил и пак ќе биде центар на христијанскиот живот на верниците Македонци, по Божја волја ќе му се врати сјајот каков го имал во молитвениот и просветителски живот.
На крајот присутните ја измолија молитвата до Свети Јуда Тадеј.
к.мк