Светата Литургија не е обична молитва

Потребно е повторно да го откриеме чуството за светото; чуството на таинство за вистинската Божја присутност во Литургијата – поттикна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 10 февруари во капелата на домот Света Марта.

Коментирајќи го првото литургиско читање кое говори за Божјото слегување како облак, Папата рече дека Бог на својот народ му говори на разни начини: преку пророците, свештениците и преку Светото Писмо. Но во објавите ни говори на поинаков начин, различен од Словото: тоа е поинаква присутност, поблиска и директна. Он е присутен и тоа се случува во литургиското славење. Литургиското славење не е некој општествен чин; не е собирање на верниците на заедничка молитва. Во Литургијата Бог станува присутен, близок, а Неговата присутност во светата Литургија е вистинска – рече Папата додавајќи:

Кога славиме света Литургија не ја претставуваме Последната вечера… Литургијата не е претстава. Литургијата е Последната вечера, вистинско одвивање на Господовите маки и откупителсната смрт. Тоа е Богојавление: Христос станува присутен на олтарот и се прикажува на Отецот за спасение на светот. Може да се слушне, дури и ние знаеме да кажеме: „Сега не можам, морам да одам на Литургија; треба да слушам Литургија.“ Литургијата не се „слуша“… Во текот на Литургијата учествуваме во Божјото објавување, во таинството на Божјата присутност меѓу нас – објасни Светиот Отец.

Претстави се јаслите и Крстниот пат – објасни папата Фрањо – Литургијата напротив е спомен – чин, Богојавление: Бог ни се приближува… Учествуваме во таинството на откупување. За жал за време на светата Литугија често знаеме да погледнуваме на часовникот и да ги „броиме“ минутите… Литургијата бара поинакво однесување. Литургијата е Божјо време и Божји простор, а ние треба во нив да се внесеме, а не да гледаме на часовникот – рече Папата.

Литургијата е вистинско влегување во Божјото таинство: влегување и пребивање во него. На пример, не сум сигурен доаѓаат ли сите овде за да можат да влезат во таинството, а можеби некој вели и: Треба да одам на Литургија во домот Света Марта затоа што на туристички излет во Рим може да се посети Папата во домот Света Марта, секое утро: тоа е туристичко место, нели? – дофрли Папата насмевнувајќи се… Сите вие доаѓате овде и сите ние овде се собираме за да влеземе во таинството… Тоа е Литургијата – Божјо време и простор; Божји облак во кој сите се наоѓаме – истакна Светиот Отец.

Папата потсети како додека бил дете, во текот на подгоовката за Прва причест, имало песна за ангелите кои го чуваат олтарот за да се зголеми „чувството на Божјата слава, простор и време.“ А кога во текот на подготовките носеле хостии, децата говореле: Нема да ги примите овие хостии: овие не значат ништо, бидејќи допрва треба да бидат посветени! Да славиш Литургија значи да влезеш во Божјото таинство, во неговото време и простор и на тоа таинство да се довериш – рече Папата.

Би било добро денес од Господ да молиме на сите да ни подели чувство за светото, по кое ќе сфатиме дека молитвата дома, молитвата Бројаница и другите прекрасни молитви, како  што е Крстен пат и читање на Светото Писмо не се евхаристиско славење. Со славењето на Евхаристијата влегуваме во Божјото таинство, одиме по патот кој ние не можеме да го замислиме: само Он е Единствен; Он е слава и моќ; Он е сѐ… Да молиме милост Гпоспод да нѐ научи да влеземе во Божјото таинство – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот