Сведоштво за силата на светата Бројаница

Сведоштво за силата на светата Бројаница

Епископот Доем рече дека во 2014 година имал визија како Христос му дава меч кој се претворил во бројаница кога го примил. Христос потоа му ги повторил зборовите: „Боко Харам ќе исчезне,“ што епископот го толкувал како повик да се шири побожноста на светата Бројаница.

Нигерискиот епископ Оливер Даш Доем кој ја поттикна акцијата за секојдневно молење на света Бројаница за заштита на својот народ од Боко Харам, порача дека таа терористичка група „наскоро ќе исчезне.“ Во разговор за Catholic Herald епископот на на бискупијата Маидугури рече: „И додека порано припадниците на Боко Харам беа насекаде сега се потиснати во шумата,“ и додаде: „Боко Харам наскоро ќе исчезна главно заради молитвите на народот.“

Епископот поттикна на секојдневно молење на света Бројаница во процесии по целата своја бискупија, во училиштата, домовите и парохиите. Од тогаш Боко Харам доживува бројни неуспеси. Во декември минатата година нигерискиот претседател Мухамад Бухари рече дека терористичката група „формално е победена“ затоа што повеќе не е способна да издвојува конвенционални напади и затоа што луѓето – кои ги напуштиле своите домови заради нападите на Боко Харам – се вратиле во своите куќи.

Боко Харам своите напади ги насочија посебно кон бискупијата Маидугури. Така во 2014 година повеќе од 80 илјади католици мораа да ги напуштат своите домови заради нападите на таа терористичка група, а повеќе од 25 свештеници и 45 чесни сестри беа присилени да побегнат. Сега многу раселени се враќаат во своите домови и епископот Доем истакна дека грижата за повратниците е поголем предизвик отколку терористичко насилство, додавајќи дека Боко Харам во текот на последните неколку години уништи многу куќи, земјоделски култури и добиток.

Во интервју за Catholic Herald епископот Доем потсети дека низ историјата преку светата Бројаница се „случиле бројни чуда, а преку неа се ослободувале и земји.“ Така ја наведе битката кај Лепанто од 1571 година кога флотата на Светата Лига ја победила отоманската флота, како и уривањето на поранешниот претседател на Филипините Фердинанд Маркос во 1986 година. Двата настани се препишуваат на силата на светата Бројаница.

Епископот Доем истакна верува дека Христос му се укажал во 2014 година „за да го утеши својот народ, дека Неговата Мајка е со нас.“ Епископот посочува дека визијата го охрабрила народот на Маидугури „дека конечно преку светата Бројаница ќе се оствари победата над ова зло. Боко Харам е зло како и ИСИС. Затоа се додека заедно ќе одиме со Неговата Мајка посебно молејќи света Бројаница ќе победуваме,“ заврши епископот.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Вести, Свет

За авторот