Сарај: Прослава на празникот свети Пио од Пиетрелчина
Во среда на 23 септември, во филијалната црква Свети Димитриј и Падре Пио во Сарај со света Литургија во 18 часот свечено ќе биде прославен празникот на свети Пио од Пиетрелчина.
Свети Падре Пио е роден на 25 мај 1887 година во местото Пиетрелчина во Италија. Влегува во капуцинскиот манастир во Сан Џовани Ротондо. Набрзо по ракополагањето ги добива првите знаци на Христовите страдања – стигмите. Умира на 23 септември 1968 година. На 2 мај 1999 папата свети Иван Павле II го прогласи за блажен, а на 16 јуни 2002 година го прогласува за свет.
Традиционално секоја година од осветувањето на црквата Свети Димитриј и Падре Пио во Сарај свечено се прославува празникот на свети Пио од Пиетрелчина.
к.мк/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија:
Македонија
За авторот
Слични написи
На 8 и 9 јануари моштите на свети Стефан Првомаченик ќе бидат изложени во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
Бискупот Стојанов служеше Света Златоустова Литургија во Светилиштето на Света Мајка Тереза во Скопје

