САД: Апел на епископите против верските прогонства
Повик на молитва за сите жртви од верски прогонства и апел насилствата да не се повторуваат повеќе“ – стои во апелот на Управнот одбор на епископската конференција на Соединетите Американски Држави.
На чело на одборор е архиепископот на Луизвил, Џозеф Куртц. Во него влегуваат црковни достоинственици од 15 географски области на земјата, вклучувајќи го и претседателот на Catholic Relief Service, каритативен орган на Црквата во САД.
„Ги повикуваме верниците од сите вероисповеди – стои во декларацијата – да се обединат во молитва за оние кои се соочуваат со ужасните прогонства на Блискиот Исток и остатокот од светот“. По повод убиствата на 21 христијани копти, убиени од страна на „Исламската држава“ минатиот месец, епископите истакнуваат дека: „сведоштвото на нивното храбро мачеништво не е единствено, бидејќи им се приклучувааат во сведоштвото илјадници семејства, христијански и од други религии, во бегството од ужасните насилства.“
Поради тоа епископите повикуваат сите луѓе со добра волја да се заземат за заштита на мигранитите и прогонетите, соработувајќи со меѓународната заедница, за да се заштитат правата на верските и етничките малцинства, во рамките на меѓународното хуманитарно право. Американските епископи очекуваат да се зголеми хуманитарната помош и развој, да се отстранат причините за политичко и економско исклучување, кое што го „искористуваат екстремистите“.
На крајот, епископите истакнуваат дека Великиот Пост е „посебно време“ за поцврсто соединување со Христос кој страда; Црквата во Вашингтон ги потиикнува верниците да се молат со надеж дека еднаш сите ќе можат да ја поделат радоста и трајниот мир од Христовото воскресение.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи
Надбискупот Качија: Потребно е обновено ангажирање што се однесува до сиромаштвото, животната средина и тероризмот

