Рускиот митрополитот Иларион се сретна со претставници на Католичката црква

Рускиот митрополитот Иларион се сретна со претставници на Католичката црква

Раководителот на Оделот за надворешни работи на Московскиот патријархат, митрополитот Иларион на 13 јануари 2020 година во Москва гo прими католичкиот епископ од Новосибирск, Јосеф Верт.

На средбата присуствуваше и досегашниот апостолски нунциј во Москва, надбискупот Целестино Миљоре, кој што папата Фрањо пред неколку дена го именува за апостолски нунциј во Париз.

Во соопштението од москвоскиот патријархат се наведува дека во центар на разговорите биле односите помеѓу Руската православна црква и Католичката црква во Руската Федерација и „прашања од заеднички интерес“.

Бискупот Верт, кој по потекло е од казахстанскиот град Караганда, воедно е и ординариј за католиците од византиски обред во целата Руска Федерација. Од 2005 до 2011 година беше претседател на Руската епископска конференција.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот