Реликвиите на светите Леополд Мандиќ и о. Пио во Рим

Посланието на мисионерите на милосрдието и доаѓањето на реликвиите на светите Леополд Мандиќ и о. Пио од Пиетрелчина беа во центарот на прес конференцијата во Прес центарот на Светиот Престол. За иницијативите по повод Годината на милосрдието зборуваше претседателот на Папскиот совет за нова евангелизација,монсињор Салваторе Физикела.

Монсињор Физикела потсети на посебната побожност на папата Фрањо кон хрватскиот свет исповедник, Леополд Мандиќ. Истакна како тој капуцин целиот свој живот го посветил на исповедувалницата. Скоро 30 години поминал од 10 до 15 часа на ден во својата ќелија, која се претворила во исповедалница за илјадници луѓе кои во односот со него пронашле овластен сведок на простување и милосрдие, истакна монсињор Физикела.

Некои негови собраќа го нарекувале „незнајко“ и зборувале дека е „преблаг во одрешувањето на гревовите“. Но тој би одговорил: „Кога Распнатиот би ме оптужил дека сум преблаг, би му рекол: Господи, ти ми го даде тој лош пример. Уште не сум стигнал до таму да умрам за душите“, потсети монсињор Физикела.

Реликвиите на светите Леополд Мандиќ и о. Пио во Рим ќе стигнат на 3 февруари, па две дена ќе бидат изложени во црквата Свети Лаврентиј надвор од ѕидините. Потоа во процесија ќе бидат однесени во базиликата Свети Петар, каде ќе бидат изложени на поклонување до 11 февруари. Претседателот на Советот за нова евангелизација потоа се осврна на праќањето на мисионерите на милосрдието, кое ќе се одржи на Пепелница, на 10 февруари. Станува збор за 1071 мисионери од цел свет, на кои Папата ќе им даде овластување да одрешуваат и од гревови кои се резервирани само за Апостолскиот Престол. Во Рим ќе бидат присутни 700 такви мисионери и ден пред посланието ќе се сретнат со Светиот Отец, кој сака да им покаже колку важно место за зема таа иницијатива во неговото срце.

Мисионерите на милосрдието се одредени свештеници кои од Папата ќе примат задача да бидат овластени сведоци во месните Цркви за време на Светата година. Само Папата може да ги именува тие мисионери, а не епископите. Тој ќе им го довери навестувањето на убавината на Божјето милосрдие, со цел да бидат понизни и мудри исповедници, истакна надбискупот Физикела.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот