Рајот на бодови
Некоја добра христијанка се појавила на небесната врата. Беше многу уплашена.
Свети Петар топло ја примил, ја охрабрил, но исто така и сериозно ја предупредил:
„За влез во небото треба да имаш стотина бодови.“
Жената почнала да набројува: “Цел живот му бев верна на својот сопруг. Христијански ги воспитав своите деца – не е некој голем успех, но направив сѐ што можев.
„Дваесет и две години предавав веронаука, работев во мисиите како волонтерка и го водев Парохискиот Каритас. Трпеливо ги поднесував луѓето околу себе, особено свештеникот и членовите во моето семејство…“
Кога престанала да зборува, свети Петар ѝ рекол: “Два и пол бода!”
Жената почнала да трепери.
Тогаш пак продолжила: „Ах, да ги дохранував моите родители, и простив на сестра ми со која бев скарана заради наследството. Никогаш не ги пропуштив неделните свети Литургии, освен кога требаше да ги родам децата. Доаѓав на предавања за време на постот и на духовна обнова, редовно ја молев утринската и вечерната молитва, а во мај и Светата Бројаница…”
„Тоа се три поени!“ – рекол свети Петар.
Жената беше очајна. „Само три бода?! Како воопшто може да се дојде до сто бода?“
Со солзи во очите, со растреперен глас рече:
„Ако е така, тогаш само едно може да ме спаси, а тоа е Божјото милосрдие! ”
„Сто поени!“ – извика свети Петар.
Меѓугорје-инфо /к.мк/ Тања Стојанова
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк