За библискиот човек децата биле богатството, а не парите. Токму поради тоа, библиските луѓе, после склопувањето на бракот, сакале што е можно поскоро да имаат потомство и деца.
Кои обичаи се поврзани со раѓањето на деца во библиско време? Како се гледало на децата и потомството? Што вели во врска со тоа Светото Писмо?
Гледањето на денешниот човек за потомството и децата се разликува од гледањето на библискиот човек. Денешниот човек кај склопувањето на бракот најчесто „го планира семејството“ и колку деца ќе има, додека таквиот став е непознат за библискиот човек. Додека денешниот човек гледа често на децата како на „товар“ и на „финансиски“ проблем, за тоа библискиот човек не размислувал. За библискиот човек децата биле богатство, а не парите. Токму поради тоа, библиските луѓе, после склопувањето на бракот, сакале што е можно поскоро да имаат потомство и деца.
Оваа желба за потомство е поврзана со првата Божја одредба за луѓето, а тоа е да се плодат и множат (1Мој. 1, 28). Колку потомството било важно за Евреите покажува и една еврејска изрека која вели: „Оној кој не сака потомство, како да пролеал крв или ја намалил Божјата слика“.
Една од причините зошто се сакало потомството била желбата семејното име да не биде „отсечено“. Примерот за една жена која останала со еден син, кои сакале да го убијат затоа што го убил својот брат. Но, мајката вака се молела: „И ете, целиот род стана против слугинка твојата и рече: „Предај го оној што го уби брата си, ние ќе го убиеме заради душата на брата му, која тој ја погуби, и ќе го истребиме дури и наследникот.“ И така, тие ќе ја изгаснат искрата која уште ми останува, за да не остават име и потомство на мажот ми по лицето на земјата“ (2 Цар. 14, 7).
Секоја жена за тоа посакувала да роди потомок (посебно син), затоа не е ниту чудна молитва на: „Дај ми деца, ако не јас ќе умрам!“ (1Мој. 30, 1). (…) Неплодните семејства ревно се молиле да добијат потомство. И не само жените, туку и мажите (Исак молел за дете – 1Мој 25, 21). (…)
Дарко Томашевиќ /к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк