Заради кризата која ја предизвика болеста Ковид-19, волонтерите од Заедницата Лаудато Си од Ступиниги на периферијата на Торино започнаа проект „Пекара на солидарноста – да го замесиме човештвото“, печејќи леб и делејќи го бесплатно на семејствата кои најмногу се погодени од кризата.
Заедницата од Ступиниги е една од шеесетте заедници Лаудато Си кои ги основа монс. Доменико Помпили епископ на Риетија и Карло Петрини основач на меѓународната хуманиатрна организација Slow Food. Станува збор за заедници кои делуваат во духот на енцикликата на Папата Лаудато Си од 2015 година и тоа како ќелии на заеднички живот ангажирани за ширење на темата на интегрална екологија преку конкретни активности за одржлива реалност.
Група сме која ја сочинуваа постари, помлади и многу млади луѓе – објасни за Радио Ватикан Алесандро Ацолин координатор на спомнатата Заедница Лаудато Си и истакна: Од 2018 година се обидуваме да ги усвоиме начелата кои се изразени во енцикликата за грижата за заедничкиот дом, и затоа што сме на периферијата на Торино во контекст на интегралната екологија настојуваме да одговориме на потребата за хуманитарно ангажирање во општеството. На нашето подрчаје на посебен начин се чувствува економската криза, како и кризата на заедништвото и односот. Затоа преку екологијата и заштитата на животната средина сакаме да градиме општество.
Целта е екологијата на секојдневниот живот кој го сочинуваат човечките односи близината и топлината на кои поттикнува папата Фрањо во енцикликата Лаудато Си; еколошките граници да се надоместат во внатрешноста на секоја личност која се чувствува вклучена во мрежата на заедништвото и припадноста – рече Ацолин и го цитираше Папата: На тој начин секеоеместо престанува да биде пекол и станува атмосфера на достоен живот. (…)
Освен информативни средби за животната средина и нејзина заштита заедницата пред пандемијата организираше ручек за сиромашни и за семејства во економска и прехранбена криза, за околу 150 луѓе – рече Ацолин и напомена, храната беше органска, произведена на еколошки начин, бесплатна, луѓето плаќаа „со убавина“ односно донесувајќи некое уметничко дело кое самите го направиле или некоја песна, поезија, цртеж кој го направил некое дете.
Друга инцијатива е пекарницата за сиромашни. Почитувајќи ги мерките за ширење на болеста Ковид-19, во недела секогаш замесуваме со еколошко брашно од ова подрачје за 200 до 300 луѓе и после тоа нашите волонтери го делат лебот на оние во потреба – рече Ацолин и додаде: Целта е да се вклучат самите семејства во производството на лебот или во делењето. (…)
Искуството на Заедницата Лаудато Си собира различни луѓе кои имаат минимален заеднички именител, а тоа е стилот на животот кој го предлага енцикликата на папата Фрањо. Сѐ е поврзано, сите сме поврзани – рече на крајот Алесандро Ацолин координатор на Заедницата Лаудато Си, завршувајќи со зборовите на Папата: Тоа е она што мора да го сфатиме на сите географски ширини; односно од крајната периферија на Торино до големите градски центри.
Ватикан њуз/к.мк