Расте бројот на христијаните во Израел

Расте бројот на христијаните во Израел

Бројот на христијани во Израел се зголемил во 2022 година во однос на претходната година за 2 % на 185.000, покажуваат најновите статистички податоци на израелското Државно биро за статистика, објави Фрањевскиот медиумски центар.

Според истиот извор, христијаните сочинуваат 1,9 % од 9,7 милиони жители на Израел.

Мнозинството израелски христијани, 76 %, се Арапи, а останатите се членови или потомци на еврејски имигранти од Источна Европа.

Повеќето арапски христијани во Израел живеат на северот на земјата, во крајбрежната област околу градот Хаифа. Град со најголема христијанска заедница е Назарет, каде живеат 21.000 христијани, потоа Хаифа со 16.700 и Ерусалим со 12.900 христијани. Бројот на христијани во Израел континуирано расте во последните 70 години, објави Фрањевскиот медиумски центар, а во 2000 година биле 135.000. Се проценува дека причината за последниот ненадеен раст е распадот на Советскиот Сојуз, по што многу Евреи од земјите наследнички решиле да се преселат во Израел со своите христијански сопружници и деца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот