Расте бројот на духовни звања на Филипините

Од апостолската посетата на Филипините сѐ поголем број млади луѓе од двата пола се обраќаат во различните центри за посветен живот, истакнувајќи дека се инспирирани од зборовите и гестовите на Папата.

Од апостолската посетата на Филипините сѐ поголем број млади луѓе од двата пола се обраќаат во различните центри за посветен живот, истакнувајќи дека се инспирирани од зборовите и гестовите на Папата – потврди координаторот за звања на националното светилиште Наша Богородица од постојана помош во Бакларан, Едвин Дел Деспабиладерас во една од населбите во Манила – известува агенцијата АсиаЊус.

Во последните неколку месеци – објаснува координаторот за звања – се зголеми бројот на луѓе кои доаѓаат – посебно млади професионалци кои ја оставаат канцеларијата за да започнат внатрешно патување кое ги води кон семинарија или манастир. Не можеме да негираме – рече – дека посетата на папата Фрањо предизвика нагло зголемување на бројот на младите кои сакаат да го преиспитаат и да го проверат своето звање.

Сепак – додаде Деспабиладерас – сите молби треба внимателно да се разгледаат и да се види дали станува збор за вистински звања или за моментално воодушевување. Ние, секако не можеме да го занемариме фактот дека некои од тие млади луѓе преплавени со љубов и почит кон Светиот Отец виделе како тој радосно ја сведочи Радосната вест – објасни координаторот.

Освен што ги надгледува центрите Деспабиладерас редовно ги посетува училиштата во Лузон. „Не би го нарекол тоа регрутација – нагласи координаторот. Тој збор во последно време поприми негативна боја. Сепак, не настојуваме премногу да „распродадеме“. Станува збор само за начинот на младите да им се даде некаква идеја за постоењето на поинаков пат од оној на кој навикнале. Ако тоа не го сакаат во ред; доколку го сакат уште подобро“ – истакна Деспабиладерас.

Зборовите на координаторот ги потврдува и отец Хернандо Коронел ректор на семинаријата Свети Чарлс кој бројот на луѓето кои се распрашуваат за монашки звања исто така го поврзува со неодамнешната апостолска посета на Папата на Филипините. Оваа година – рече отец Коронел – е забележан пораст од 13% од оние кои се запишале на студиите за филозофија и теологија. „Воодушевени сме од ревноста која луѓето ја изразуваат – додаде – како и порастот на бројот на звањата. Сега пак треба да се концентрираме на истрајноста на студентите и на квалитетот на нивното насочување.

За професорот доминиканецот (CSD), брат Нестор Лимкуекоа промовирањето на звањата не е работа само на некои… „Да не ја оставаме задачата за промовирање на звањата само на свештениците и монасите. Како членови на Црквата и ние лаиците исто така сме повикани на тоа подрачје да дадеме поддршка. Секој од нас: родители и учители – посебно тие – треба да покажат соработка за поттикнување на младите за влез во свештеничкиот или монашкиот сталеж“ – рече брат Нестор.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот