Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник, 14 февруари 2022 година, го објави распоредот на славењата во март со кои ќе претседава папата Фрањо.
На Чиста среда или Пепелница, 2 март во 16.30 часот, Папата ќе ja предводи покорничката процесија од црквата Свети Анселм, а потоа во 17.00 часот ќе служи Света Литургија, со обредот пепелење во базиликата Света Сабина.
Во петок, на 4 март, Светиот Отец во Салата за Конзисториум (Sala del Concistoro) со почеток во 10.30 часот ќе претседава со редовниот јавен конзисториум на кои ќе се гласа за некои процеси за канонизација.
Во петок, на 25 март, во 17.00 часот ќе претседава со покорничкото славење во базиликата Свети Петар во Ватикан.
Ватикан њуз/к.мк