Опис на раните според Торинското платно. Околу 12 часот Исус е прикован на крстот и подигнат.
Распнувањето било најсуровиот и најсрамотниот облик на смртна казна во тоа време. На Торинското платно се видливи раните од клиновите на зглобовите. По отпечатоците на стапалата може да се заклучи дека и двете стапала биле приковани со еден клин на крстот. Клинот ја пробил коската на стапалото, левото стапло било ставено преку десното.
Рацете се склопени на стомакот, и се гледаат многу добри. На зглобот од левата рака се гледа голема згрутечна крв, во облик на потковица, која потечела од раната, откако зглобот бил пребиен со клинот.
Рацете се заковани на крстот кај зглобовите, не на дланките, како би можеле да ја држат тежината на телото. Клинот е закован во просторот помеѓу коската и зглобот.
На тоа место не минува ниту еден поголем крвен сад, но тука се наоѓаа нервот nervus medianus, кој управува со движењето на палецот.
Со разбвањето на зглобот и прекинот на нервот е предизвикано пропаѓање на палецот кон центарот на дланката, затоа на платното може да се видат само четири прста.Од прободените зглобови крвта се разлева рамномерно низ рамењата.
За време на долготрајната агонија, Исус, висејќи на крстот со нозете заковани на крстот се подигал кон нагоре како би дојдел до воздух. Болките и исцрпеноста го натерале да се врати во првобитната положба. Тој ритам на подигање и повторно паѓање траело околу три часа и предизвикало големо страдање. Како одминувало времето станувало сè почесто, додека не биле исцрпени и последните сили, за потоа да настапи и смрта.
Преземно од ФБ