Ракоположени за ѓакони во бегалски камп
Откако семинаријата во Карадош е затворена поради жестокитe напади на самонаречената Исламска држава во 2014 година, четири богослови не се откажаа од свештеничкиот пат откако биле присилени да побегнат, туку ја продолжија својата формација. Година и пол после нападот, овие денови беа ракоположени за ѓакони, а за место на примање на првиот степен од светиот ред ја избраа црквата во бегалскиот логор кај Ербил.
Луѓето се жедни за надеж, а кога ќе видат дека четири млади момчиња стануваат ѓакони, а после неколку месеци и свештеници, тоа ќе им пружи надеж и сила да останат – re;e за Catholic News Agency, Реми Марцина Момика, еден од четворицата богослови кои беа ракоположени. Сите припаѓаа на богословијата Свети Ефрем во некогаш претежно христијанскиот град Карадош, кој падна во рацете на Исламска држава.
Четворицата богослови, инаку припадници на сирискиот католички обред, беа присилени да побегнат од градот откако џихадистите поставија услов: обраќање на ислам, тежок данок или смрт. Со завршени студии во Либан, тие се вратија во Ирак за да бидат ракоположени за ѓакони, а после тоа и за свештеници. На својот бискуп јасно му кажале дека сакаат да бидат ракоположени во бегалскиот логор: „Сакаме нашиот народ да знае, сакаме на сите да им кажеме дека има млади момчиња кои ќе станат свештеници“, рече Момика, објансувајќи дека тоа е знак на надеж за христијаните кои останаа во тој регион. Ракополагањето се одржа во црквата во бегалскиот камп во Анкави, предргадие на Ербил, каде што бегалците секојдневно одат на света Литургија. Новоракоположените ја избраа оваа црква „за да ја покажат својата близина со народот кој страда“. Во Ербилската бискупија, 90% од сириските католици се бегалци.
„Сакам да останам овде во Ирак и сакам да знам дали има некој кој може да ни помогне да останеме, да разговара со владите од надвор и да види дали може да ни помогне да останеме овде“ – рече ѓаконот Момика, додавајќи: Иднината на христијанството во Ирак е несигурна; многумина не сакаат да си отидат, но не гледаат јасно решение. И покрај несигурноста, сé уште има луѓе кои сакаат да останат.
CNA/В.Н.