РАЗМИСЛУВАЊА НАД ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА XIV постојка: Исус го полагаат в гроб
Марко 15,42-47
Кога требаше да се роди Исус не беше прифатен од луѓето, залудно беше чукањето од врата на врата, за него немаше место. Се роди и веднаш требаше да бега. Исусе, помина прeку сиромаштво, прогонство, неприфаќање, несфаќање, мака на телото и тегоба во душата. На крајо од животниот пат, кога ја предаде душата на својот Отец, те положија в гроб кој не беше твој.
Исусе што имаше свое? Немаше ни каде да ја наслониш главата. Имаше најчесто осаменост и несфаќање. Само твојата мајка те разбираше и те сакаше. Трпеше уште повеќе, бидејќи не смееше да ти помогне, не можеше да ти послужува, да те храни, облекува, да те ја пере облеката како што тоа го правеше до твоето јавно делување. Божјата волја беше друга, а таа, твојата мајка не се противеше, не прашуваше зошто. Во неа немаше грев.
Исусе, те положија во туѓ гроб и те снема од очите на својата мајка. Тешко е кога најсаканиот ќе го положаат в гроб, кога повеќе го немаш пред своите очи.
Исусе, ти нè поучуваш дека не треба многу да се поврзуваме на материјалното. Сè ќе оставеме. Да работиме, работата нè спасува, да правиме колку можеме и да не се наврзуваме на материјалното. Да бидеме слободни.
Исусе денес е Велики Петок. Ќе воскреснеш на третиот ден и земјата ќе ја натопиш со своите милости и никогаш нема да престанеш, додека човекот е на земјата. И мртвите ќе ги зарадуваш и ќе им ја отвориш вратата на рајот. Еве зошто христијаните се препознаваат по радоста, бидејќи тоа го направи за нас, твоите деца. И не престануваш да повикуваш на обраќање на срцето, на прифаќање на твојот дар, Љубовта.
Нека сите те запознаат и нека радоста во сите заживеа. Излиј го своето милосрдие врз сите нас.
Четринаесетта постојка: Исус ни вли: Моите пријатели мислеа дека ми укажаа голема почест кога ми го положија моето тело в гроб. Се грижеа за телото.Тоа е сè што можеа да направаат. Заборавија тоа што им го реков: тоа е само за три дена. Смртта не владее над мене.
Сети се дека гробот те плаши. Кога ќе те положат во него, повеќе те нема. Кога зад себе не оставаш ни најмал траг, што ќе направиш тогаш? Кога знаеш дека никој нема да дојде на твојот гроб, кога ќе завршиш како непознат и јаден, кога после тебе ништо нема да остане, тогаш ќе ме сретнеш. Тоа е крст, да ја изгубиш и последната желба: овде нешто да значам, да оставам нешто после себе. Оваа е нешто што ти пречи да бидеш светло. Тука ќе ме најдеш. Ама како, додека се плашиш да легнеш во гробот на себичноста, и да бидеш погребен? Додека доаѓаш до мене и не ги рушиш мостовите после себе, како ќе се најдеме? Тоа е моментот кога ќе можам да го преобразам твојот живот. Тоа е крстот над кој лебдее воскресението. Како се радувам на гробот на твојата гордост! Ти не си уште во гроб, уште даваш отпор на твоето умирање. Затоа си мртов. Кога би сакал да легне во гробот на твојата гордост и да умреш, тогаш ќе воскреснеш во мојот живот. Само мртвиот човек може да воскресне. Не плаши се. Јас го поминав тој пат и те чекам. Зарем не разбираш дека не сум отишол од земјата? Пред тоа бев гост на земјата, а сега сум господар. И ти ќе бидеш таков. Не гледај повеќе на гробот како безнадеж и крај, туку како раѓање и почеток. Нека умре твојата гордост. Те чека воскресението.
Подготви: о. Д.Т.
Користено и од текстовите на Томислав Иванчиќ, Тргни со мене