Разговор на папата Фрањо за весникот од населбата Ла Каркова

Стварноста подобро се гледа од периферијата отколку од центарот, истакна папата Фрањо во разговор за локалниот весник „Ла Каркова њуз“, од населбата Ла Каркова, сиромашна населба од бараки во предградието на Буенос Аирес, Аргентина.

Интервјуто за весникот „ Ла Каркова њуз“, зборува за теми на кои папата Фрањо многу често се осврнува во проповедите на литургиите во Домот Света Марта, како и при посетите на римските парохии, но и во импровизираните додатоци на општите аудиенции во среда и во недела. Разговорот, меѓутоа, произлегува и од секојдневното живеење во предградието од бараки во Буенос Аирес, кое Папата добро го познава.

Тоа е поглед на „периферијата“, како што истакна Папата во интервјуто, одговарајќи на прашањата на сите жители од таа напуштена населба. Стварноста се гледа подобро од периферијата отколку од центарот. Ова го истакна Папата осврнувајќи се, исто така, на стварноста на поединецот, на егзестенцијалната периферија и на стварноста на неговите мисли. Меѓу жителите на таа населба денес, на пример, владее голем страв поради ширењето на дрогата. Папата во разговорот спомна дека веќе постојат земји кои се робови на дрога, кои им се потчинети, и искажа загриженост поради претераниот занес на трговците на дрога, бидејќи мислат дека веќе имаат победено.

Папата Фрањо поттикна на децата да им се пренесуваат трајните вредности, како што е припадноста на личното огниште преку љубовта, чувствата, преку времето поминато со неговите членови и најмногу преку верата. Жал ми е кога ќе сретнам дете кое незнае да се прекрсти, рече Светиот Отец. Тоа значи, додава Папата, дека не му е пренесена најважната работа која таткото и мајката може да му ја дадат, а тоа е верата.

Светиот Отец поттикна, исто така, и на делата на љубов кон луѓето, на слушањето на луѓето. Дури и да не се согласуваш со нив, секогаш ти даваат нешто, истакна Папата и забележа како во време на виртуални односи, сме склони да примаме многу информации, но поради тоа би можеле да создадеме „млади – музеи“, односно младите кои се добро информирани, но што да прават со сето тоа што го знаат, прашува Папата. Плодноста во животот значи да се сака, а тоа значи да се има физички допир, да се стисне раката на некоја личност, да се прегрне таа личност. Виртуелната љубов не постои, истакна Светиот Отец.

Што се однесува, пак, до патувањето во Аргентина, папата Фрањо рече дека планира да ја посети 2016 година, но тоа треба да се уреди заедно со другите патувања.

РВ/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот