Радово – прославен патрониот празник на парохијата

Архиерејската света Литургија која ја предводеше Апостолскиот егзарх во Макеоднија и Скопски бискуп д-р Киро Стојанов, во вторник 2 август 2016 година, беше централниот настан во прославувањето на парохискиот заштитник светиот пророк Илија во Радово.

Светата литургија започна со свечен влез во црквата со процесијата во која покрај владиката и свештениците беа и министрантите, дочекани на влезот со пригодна песна отпеана од сите верници присутни во храмот.

Во својата празнична хомилија епископот Стојанов ја истакна големината на: „Над-пророкот Илија, кој живеал во моногу слични времиња на денешните кои ние ги живееме, кога многумина сакале да се одалечат од Бога, пророкот Илија не дозволил да биде поразен во тој материјален свет и затоа останал запишан како еден од најголемите пророци…“

4746_2

Епископот исто така ги поздрави и охрабри сите кои денес сакаат да ја исповедат својата вера и на посебен начин ги поздрави младите кои деновиве учествуваа на Светскиот Ден на Млади во Краков, Полска.

4746_1

 

Свој поздрав и благодарност до сите упати домашниот парох д-р Зоран И. Стојанов, кој нагласи дека му причинува особена чест што покрај сите свештеници од Апостолскиот егзархат и Скопска бискупија може да ги поздрави и синовите на Радовската парохија кои како свештеници делуваат во Србија и САД. Светата Литургија заврши со Многолетствие и миросување со елејот благословен на Великата Вечерна во понеделникот наспроти празникот.

На крајот во дворот на црквата свети Илија беше благословено заедничкото Агапе подготвено од црковните одборници.

к.мк/Кирил С.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот