Радио Ватикан и на корејски јазик
Во петок 9 октомври Република Кореја го одбележува националниот ден на корејскиот јазик. По тој повод ќе започне со работа и нова интернет страница на Радио Ватикан, на која редовно ќе се објавуваат вести и активности на Светиот Отец, Светиот Престол, градејќи со тоа дополнителен комуникациски мост помеѓу Рим и Кореја.
За таа иницијатива веќе подолго време се размислувало, но нов поттик е добиен минатата година со посетата на папата Фрањо на Јужна Кореја, бидејќи Корејците изразиле желба редовно да примаат опширни вести за активностите на Папата и науката на Црквата на сопствен јазик. Новата интернет страница е резултат од дијалогот на управата на Радио Ватикан и Корејската епископска конференција, во соработка со амбасадата на Република Кореја при Светиот Престол и одобрувањето на Папскиот државен секретаријат и новиот Секретаријат за комуникација.
Радио Ватикан со новата страница, објавува инфорамции за Папата, Светиот Пресол и животот на Црквата на 39 јазици, меѓу кои и македонскиот со кирилично писмо (од нив 35 на радио бранови, а 4 само на интернет) и тоа на 13 различни азбуки. Меѓу неодамна додадените јазици се швахили и модерниот еврејски јазик.
РВ/го*ко