Папата Фрањо во понеделникот пред молитвата Царице небесна во библиотеката на Апостолската палата се осврна на изненадувањето на жените кои го нашле гробот празен, на нивната радост заради зборовите на ангелот, но и на стражарите кои ја продале вистината за пари и го негирале воскресението. Папата сите ги поттикна во оваа воскресно време да ја прифатат во срцето, во домот и во семејства радосната воскресна вест.
Кој го наоѓа Христос открива мир во срцето – истакна папата Фрањо пред молитвата Царице небесна во понеделникот на 5 април 2021 година во библиотеката на Апостолската палата. Светлиот понеделник се нарекува и ангелски понеделник затоа што се потсетуваме на средбата на ангелот со жените кои дошле на Исусовиот гроб (Мт 28,1-15) – рече Папата и потсети: Ангелот им рекол: Знам дека го барате Исуса распнатиот; не е овде, воскрена! Тој израз „воскресна“ ја надминува можноста на човечкото сфаќање. Ниту жените кои отишле на гробот и го нашле отворен и празен не можеле да кажат: Воскресна!, туку само дека е гробот празен. Тоа дека Исус воскреснал, можел да го каже само ангелот, како што ангелот можел да и каже на Марија: „И ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот.“
Евангелистот Матеј раскажува дека во таа воскресна зора имало голем потрес: „Ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него“ – рече Светиот Отец и истакна: Тој голем камен, кој требало да биде печат на победата на злото и смртта, бил ставен под нозете, станал подножје на Господовиот ангел. Сите проекти и одбрани на Исусовите непријатели и прогонители биле празни. Сликата на ангелот кој седи на гробниот камен, конкретно и видливо ја покажува Божјата победа над злото, Христовата победа над кнезот на овој свет и победа на светлината над темнината.
Исусовиот гроб не го отвора некое физичко делување, туку Господовиот зафат – рече папата Фрањо и продолжи, опишувајќи го ангелот евангелистот Матеј вели: „лицето му беше како молња, а алиштата- бели како снег“. Тие детали се симболи кои го потврдуваат токму зафатот на Бог Кој е носител на новото време, односно последните времиња на историјата, затоа што со Исус воскреснието започнува последното време на историјата кое може да трае илјадници години, но последно.
Соочувајќи се со тој Божји зафат гледаме двојна реакција – рече Папата и додаде: Стражарите не успеале да се соочат со големата Божја сила и збунети се од внатрешниот потрес, биле зашеметени. Силата на воскресението ги соборува оние кои биле искористени за да ја гарантираат привидната победа на смртта. Стражарите морале да отидат кај оние кои им наредиле да го чуваат гробот и да ја зборуваат вистината. Можеле да бираат: да ја кажат вистината или да ги прифатат парите и да го зборуваат она што другите им наредиле. Ја продале вистината и зборувале: „учениците Негови дојдоа и Го украдоа.“ „Господ“ пари и со тоа биле спосбни да го негираато Христовото воскресение. Жените реагирале многу поинаку, затоа што ангелот Господ изрично ги поттикнал да не се плашат: „Не бојте се!“ и не го барајте Исус во гробот. И на крајот не се плашеле.
Зборовите на ангелот ни даваат скапоцена поука: не смееме никогаш да се измориме да го бараме воскреснатиот Христос кој во изобилство дарува живот на оние кои Го среќаваат. Да го пронајдеш Христос значи да откриеш мир во срцето. Тие исти жени од Евангелието после почетната вознемиреност, искусиле голема радост кога повторно го пронашле Учителот жив. Во оваа воскресно време, на сите им посакувам да го имаат истото духовно искуство, прифаќајќи ја во срцето, во својот дом и во семејствата радосната воскресна вест: „Воскреснатиот Христос повеќе не умира, смртта повеќе нема власт над Него.“ Таа сигурност нѐ води кон молитвата Царице небесна. Радоста на Марија е сега потполна; Исус живее, љубовта победи. Тоа нека биде и наша радост – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк