Прославен Патрониот празник „Свето Благовештение“ во Штип

Прославен Патрониот празник „Свето Благовештение“ во Штип

На 25 март 2018 година во парохијата „Свето Благовештение“ во Штип по повод патрониот празник се служеше свечена света Миса, предводена од Н.В.П монс. д-р Киро Стојанов, Скопски Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија, во сослужение на о. Тони Ангелов, парох на „Свето Благовештение“, о. Марјан Ристов, канцелар на Скопската Бискупија и на Апостолскиот Егзархат, о. Гоце Костов, парох на „Свети Иван Крстител“ – Струмица и директор на Радио Марија Македонија, и о. Атанас Сирачев, капелан на „Свети Иван Крстител“ – Струмица.

7301-1На самиот почеток од литургиското славње, а по повод празникот „Цветници, бискупот Киро Стојанов, ги благослови маслиновите гранчиња и сите присутни верници.

Зборувајќи за настанот на Благовештението и преданоста на Марија во вршењето на Божјата волја, бискупот Стојанов истакна: Да се обидеме денес својот живот да го дефинираме со зборовите на Марија: Еве слугинка сум Господова и во честата молитва да повторуваме: Нека ми биде според волјата Твоја.

Парохот о. Тони Ангелов му се заблагодари на Неговото Високопреосвештенство, на браќата свештеници и на сите верници, што со нивната присутност ја зголемија радоста на овој за нив посебен празник.

По Светата Литургија сите присутни верници прослава ја продолжија во црковната сала со заедничко Агапе, приготвено од верници.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот