На празникот на Светите браќа Кирил и Методиј, 24 мај 2025 година се служеше света Литургија по повод патрониот празник на парохијата во Богданци. На светата Литургија сослужуваа парохот протојереј ставрофор отец Тома Ангелов, протојереј отец Гоце Костов и отец Ристо Самарџиски. Покрај верниот народ присуствуваа сестри Евхаристинки од Гевгелија.
За време на светата Литургија проповед одржа отец Ристо Самарџиски, кој го опиша делото на светите браќа Кирил и Методиј.
На крајот парохот Тома Ангелов ги пренесе на верниците поздравите и честитките од епископот Стојанов.
Свеченоста заврши со благослов на празничните лебови и агапе во дворот на црквата организирано од овогодинешните кумовци Васе и Викторија Ристови.
к.мк