На празникот Раѓање на свети Иван Крстител, 7 јули 2019 година во истоимената парохиската црква во Струмица се служеше свечена света Литургија по повод патрониот празник на парохијата. Светата Литургија ја предводеше ставрофор протојереј о. Георги Трајков, а со него сослужуваа свештеници од Струмичко – скопската епархија. Покрај големиот број верници на Литургијата присуствуваа и сестрите Евхаристинки од Струмица, Радово и Нова Маала.
Во проповедта о. протојереј ставрофор о. Георги Трајков зборуваше за свети Иван Крстител Претечата Христов, за неговото раѓање, живот и послание.
На крајот од Литургијата парохот о. Гоце Костов заблагодарувајќи се на Господ Бог за дарот на заедништво во оваа света Литургија, ги пренесе поздравите и честитките до верниците од Н.В.П. монс. Киро Стојанов.
Светата Литургија заврши со миросување на верниците и заедништво со агапе во црковниот двор, кое беше организирано од црковниот одбор, а во него учествуваше целата парохиска заедница.
Ватикан њуз/к.мк