Проповед на папата Фрањо: Да се препуштиме во Божјите раце
Да му се довериме на Бог како што детето се доверува на таткото – поттикна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 12 ноември во капелата на домот Света Марта
, додавајќи дека Бог никогаш не нѐ остава – дури и тогаш кога нѐ укорува, тој всушност нѐ милува.
Бог го створил човекот за вечност, но смртта преку зависта на ѓаволот влезе во светот – рече Папата коментирајќи го делот од Книгата Мудрост Соломонова која говори за создавањето. Ѓаволската завист започна војна, пат кој завршува со смрт. Смртта влезе во светот и сите кои припаѓаат на светот, мора да ја искусат смртта – рече Светиот Отец.
Сите мораме да умреме, но едно е да ја искусиш смрта под ѓаволска закрила, а друго е пак да ја искусиш смртта во Божјите раце. Ме радува кога ќе слушнам кога говорат: „Секогаш сме во Божјите раце“. Библијата создавањето го толкува со многу убава слика: Бог, од прашина, од земја, нѐ обликува со своите раце, на свој образ и подобие. Рацете Божји нѐ создале: Бог ракотворец, да. Како ракотворец нѐ создал. И рацете Господови, Божјите раце, не нѐ напуштиле – протолкува папата Фрањо.
Библијата проповеда како Бог вели на својот народ: „Одев со тебе, како татко со своето дете,“ водејќи го за рака. Рацете Божји нѐ следат на нашиот пат. Нашиот Отец нѐ учи да одиме, како што таткото го учи својот син. Нѐ учи да одиме по патот на животот и спасението. Во моментите на болка Божјите раце нѐ милуваат, нѐ тешат. Тој е наш Отец и нѐ милува! Често во тоа милување – простува. Пријатно е да размислуваме за ова: Исус, Бог, со себе ги понесе своите рани: ги покажа пред Отецот. Ова е цената: заради љубовта се изнаранети рацете Божји. Тоа многу нѐ теши – рече папата.
Од човек кој не знае кому да се довери често ги слушаме зборовите: „Во рацете Божји се предавам.“ Тоа е многу убаво – рече Светиот Отец – бидејќи во Неговите раце сме сигурни, Тој е наш Отец и нѐ љуби. Неговите раце нѐ оздравуваат од нашите духовни болести.
Да се присетиме на Исусовите раце кога ги допирал болните и ги оздравувал… Тоа се Божјите раце: нѐ оздравуваат. Не можам да замислам како Бог ни удира шлаканици! Не го замислувам таков! Можам да го замислам како нѐ укорува, бидејќи тоа го прави. Но никогаш, никогаш не нѐ ранува. Нѐ милува. Дури и тогаш кога мора да нѐ укори, го прави тоа со милување, бидејќи е Отец. Душите на праведниците се во Божјите раце. Да размислиме за рацете Божји, кој нѐ создал ракотворно, ни даде вечно спасение. Неговите ранети раце нѐ следат на нашиот животен пат. Да се довериме на Божјите раце, како што дете се доверува во рацете на својот татко, неговата рака е сигурна – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.