Проповед на папата Фрањо: Бог кога приближува, секогаш отвора врата!
Кога ни се приближува Исус секогаш ни отвара врата и ни дава надеж – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 10 декември во капелата на домот Света Марта. Папата рече дека не треба да се плашиме од Божјата утеха, уште повеќе треба да молиме и бараме.
Денешната проповед Светиот Отец ја започна коментирајќи ги зборовите на пророкот Исаија: „Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ!“(Исаија 40,1). Бог се приближува до својот народ за да го утеши, „да му даде мир“. Му се приближува со силна утеха која ги „обновува сите работи“. Бог одново создава – кажа Папата.
Одново создава ствари. Црквата не се изморува да тврди дека тоа е повторно создавање е почудесно од создавањето. Бог чудесно обновува. Тој го посетува својот народ: со сила која обновува. Во народот Божји секогаш тлее таа свест дека Бог ќе го посети. Да се присетиме на последните зборови на Јосиф на своите браќа: „Кога Бог ќе ве посети вас, тогаш понесете ги коските мои одовде со вас (Битие 50,25). Бог ќе го посети својот народ. Тоа е Израилова надеж, Бог ќе го посети со својата утеха – објасни Светиот Отец.
А утехата е – продолжи Папата – обновување на сѐ, не еднаш туку многу пати – вселената и нас. Тоа Божјо обновување има две димензии, ова е важно да се истакне. Кога Бог се приближува, ни дава надеж која обновува; секогаш отвора врата! Кога Бог се приближува, не затвора врата, туку отвара. Приближувајќи се ни дава надеж, а таа надеж во христијанскиот живот е вистинска сила. Таа е милосрден дар – рече Папата.
Кога некој христјанин ја заборави надежта, или уште полошо ја изгуби, тогаш неговиот живот нема смисла. Како да е пред некој ѕид. Но Бог нѐ теши со надежта и нѐ обновува да одиме напред. Тоа го прави со својата близина за секој посебно, бидејќи Господ го теши својот народ, секого од нас го теши. Убаво е тоа кажано на крајот на првото литургиско читање: „Како пастир ќе го пасе Он стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Он во рацете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води дојдените.“ (Исаија 40, 11) Ова е нежност; Нашиот Бог нѐ теши со својата нежност – истакна Папата.
Семоќниот Бог не се плаши од нежноста. Тој станува нежност, станува мало дете. Во Евангелието Исус го говори истото – додаде Папата – „Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.“ (Мт 18,14) Секој од нас е многу важен во Божјите очи. Бог се дарува во нежноста, а дарувајќи ни надеж, прави да одиме напред. Четириесет дена пред Воскресението и Вознесувањето главна Исусова работа била: да ги теши учениците, да им се приближи и утеши.