Продолжува дијалогот меѓу Светиот Престол и Братството на Свети Пиј X

Продолжува дијалогот меѓу Светиот Престол и Братството на Свети Пиј X

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол одговори на прашања од новинари во врска со контактите меѓу Ватикан и Свештеничкото братство на Свети Пиј X, по веста за нови хиротонии.

„Контактите меѓу Братството на Свети Пиј X и Светиот Престол продолжуваат. Постои желба да се избегнат раздорите или еднострани решенија за постојните проблеми“, истакна Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Треба да се потсети дека во 2008 година папата Бенедикт XVI, како одговор на барање на Генералниот настојател на Братството, одлучи да ја укине екскомуникацијата на четворицата бискупи хиротоносани од монсињор Лефевр, и истовремено да започне доктринарен дијалог со Братството, со цел да се разјаснат доктринарните прашања и да се надмине постојниот раскол.

На 2 февруари оваа година, Свештеничкото братство „Свети Пиј X“ ги објави претстојните хиротонии, закажани за 1 јули во Франција. Во соопштението се цитира писмо испратено до Светиот Престол, во кое се изразува „посебната потреба на Братството да обезбеди континуитет во служењето на своите бискупи“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот