Од проповедта на Папата: Сеќавањето и надежта се две христијански карактеристики

Христијанинот треба секогаш да го чува во себе споменот на првата средба со Христос и надежта која е во Него, што поттикнува да се оди напред во животот со храброста на верата. Не се работи за сериозна љубов, ако не се сеќаваме на деновите на првата љубов, а христијанинот без сеќавањата на својата прва средба со Исус е празна и духовно трома личност, како оние кои се млаки – рече папата Фрањо на светата Литургија на 30 јануари во капелата на домот Света Марта.

Во Посланието до Евреите се повикува да се потсетат на првите денови во кои христијаните го примиле светлото на Исус Христос. Денот на средбата со Исус никогаш не се заборава, бидејќи тој е ден на голема радост кога се сака да се направат големи работи. Освен сеќавањето не смееме да ја изгубиме храброста на првите времиња и полетот, смелоста која се раѓа од сеќавањето на првата љубов – истакна Светиот Отец.

Сеќавањето е многу важно, бидејќи овозможува да се сеќаваме на добиените милости. Ако го отфрламе ентузијазмот кој доаѓа од сеќавањето на првата љубов, од самата прва љубов, христијаните паѓаат во голема опасност да станат млаки – предупреди Папата. Христијани се, но го загубиле сеќавањето на првата љубов и го загубиле ентузијазмот. Освен тоа го загубиле и трпението, поднесување на работите во животот со Исусовиот дух на љубовта и носењето на тешкотиите на своите рамења. Млаките христијани, кутрите се во голема опасност – смета папата Фрањо.

Двете јасни, но и непријатни слики кои Папата ги употреби за млаките христијани: она на свети Петар за „кучето се враќа на својата повраќаница и Исусовата кои – одлучувајќи да го следат Евангелието – го протерале демонот од себе, но кога демонот се враќа со сила, наоѓа отворена и незатворена врата и затоа повторно ја зема власта над таа куќа која претходно била чиста и убава.

Христијанинот ги има овие две мерила: сеќавањето и надежта – продолжи Папата. Сеќавањето значи повикува на потсетување за да не се изгуби убавото искуство на првата љубов која ја храни надежта. Христијанинот со надеж истрајува и во мрачните моменти; верува дека надежта не посрамува. Тие се две мерила – сеќавање и надеж – како рамка во која можеме да го сочуваме спасението на праведникот кое доаѓа од Господ.

Тоа спасение треба да штити за да расте малото синапово зрно и да го даде својот плод. Жално е што толку христијани се на половина пат кои не успеале на патот кон средбата со Исус. Го изгубиле сеќавањето на првата љубов и затоа немаат надеж. Да Го молиме Господ за милост да го сочуваме дарот на спасението – поттикна на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот