Генералниот секретаријат на Епископската Синода излезе со соопштение во кое стои дека се продолжува времетраењето на првата, епархиска фаза на Синодата до 15 август 2022 година.
Бројните соопштенија што ги добивме оваа недела за синодалниот процес од Бискупските конференции, бискупиите и епархиите се навистина охрабрувачка потврда за оние во Црквата посветени на спроведувањето на првата фаза од синодалниот процес, на тема: „За синодална Црква: заедништво, учество, послание“, која се состои од советувања со Божјиот народ. За сето ова ние сме навистина благодарни, се вели во соопштението на Генералниот секретаријат.
Во соопштението се истакнува дека слушнале од многу страни барање за продолжување на овој прв дел од синодалниот процес, со цел на Божјиот народ да му се даде поголема можност да го доживее автентично искуство на слушање.
Свесни дека Синодална Црква е онаа која слуша, сметајќи дека оваа прва фаза е важна за овој синодален процес и оценувајќи ги барањата, секогаш се бара доброто на Црквата, затоа Епископската Синода одлучи да ја продолжи оваа фаза до 15 август 2022 година – стои во соопштението. Воедно тогаш ќе биде и крајниот рок за доставување на синтезите од советувањата во Бискупските конференции, Источните католички цркви sui iuris и другите црковни тела, се вели во соопштението.
Ватикан њуз/к.мк