Во месец април папата Фрањо покрај традиционалните обреди за време на постот и Велигден, ќе замине во Аричи, недалеку од Рим, каде ќе учествува на духовните вежби за Римската курија, и ќе појде и на Апостолско патување во Мароко.
На Пепелница, 6 март попладнето во 16.00 часот на римскиот рид Авентино папата Фрањо ќе го предводи покорничкото славење и процесија од црквата Свети Анзелм до базиликата света Сабина, каде ќе служи света Миса со благослов на пепел и пепелење.
Во недела, 10 март Светиот Отец заедно со членови на Римската курија ќе ги започне духовните вежби, кои ќе завршат во петок 15 март.
Во петок 29 март во 17.00 часот на програмата е покорничка богослужба во базиликата Свети Петар.
На Цветници, Недела на маката Господова, 14 април, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во 10.00 часот ќе ја предводи процесијата и светата Миса. На Велики четврток, 18 април, Светиот Отец во ватиканската базилика ќе ја предводи светата Миса со посвета на миро.
На Велики петок во 17 часот Папата во базиликата Свети Петар ќе го предводи обредот Мака Господова, а во 21.15 часот побожноста Крстен Пат на римскиот Колосеум. На Велика сабота, 20 април, ќе го предводи Воскресното бдение кое ќе започне во 20.30 часот.
На празникот Воскресение Христово, недела 21 април во 10.00 часот Папата ќе служи света Миса, а напладне од централната ложа на ватиканската базилика ќе го подели благословот Urbi et Orbi – на градот и светот.
Ватикан њуз/к.мк